Фудбал

Бесрамна глума на годината

Го гледаме колегата на Миовски, Алехандро Франсес, како и ироничната насмевка на Флик и потоа што да видиме во Унгарија и тоа во прва лига. Неверојатно. Кој од кој побанален. Одиме со двете видеа. Второто е бетер. Се работи за Бразилецот Матеус Салдана од Ференцварош. Како не им е глупо кога ќе гледаат хајлајтс?

Солото на Антони кое покажува зошто е GOAT

На Антони му тргна во Бетис. На 12 меча во сите натпреварувања, има 4 гола и 4 асистенции и е еден од најдобрите поединци во тимот кој се искачи на шеста позиција. Ама уште му вадат душа на Твитер. Си влече тоа корени од „брилијантните“ партии на Олд Трафорд.

Повреден играч на носилки, трета аргентинска лига

Носењето на повредниот играч е само вовед во една необјасниво непотребна лакрдија, која на крај ќе заврши со апсење на еден буцко, кој се обиде да го совлада џандарот. Што ви е бре луѓе?

Експерт за ретро состави

Партизан 1985, Челик 1986, Црвена Ѕвезда 1991. Сакаш Борац Чачак? Ајде и Чачак. На прва ги пука, без застој.

Еврогол на Аспликуета каков што нема дадено во 20 години кариера

Атлетико Мадрид одигра само 1:1 на гостувањето против Еспањол и сега е на -6 од лидерот Барселона. И покрај тоа што има 108 настапи за Осасуна и 47 за Атлетико, 35 годишниот Цезар Аспликуета го постигна деби голот во Ла Лига кој ќе го памети. Бомба на прва.

Животот на Робињо во „затворот на славните“

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Милан веќе една година е во затворот Тремембе во Бразил. Има на располагање радио, ТВ, книги и игри, па дури и простор за сончање. Но тој се бори за повеќе од тоа, а тоа е полуслобода, барање кое постојано му го одбиваат.

Омерагиќ: Во ФФМ душмански се трошеле пари за нефудбалски работи

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во интервју за ТВ 21, зборува на повеќе теми и открива дека во последните две години федерацијата има потрошено 1 милион евра повеќе од тоа што има на располагање. Вели дека во младинските категориии имало коруптивни активности и дека во нашиот фудбал се носеле фудбалери со претходно искуство како диџеи.

Убавина од слободен удар во женски фудбал

Женската екипа на Барселона направи шоу во реваншот со германски Волфсбург во четвртфинале на женската Лига на шампиони и славеше со 6-1. На првиот дуел победија 1-4 па со вкупен резултат 10-2 одат во полуфинале. Најубав гол беше последниот на мечот, оној на Мапи Леон во 90+1' минута.

Ѕверот Гави оди со глава каде некој не оди со нога

Бисерот на Барселона кој има само 20 години а веќе освои шампионска титула во Ла Лига, два Суперкупа на Шпанија и Лига на Нации на УЕФА, после разните повреди, повторно игра во одлична форма. Синоќа во триумфот на Барса 3:0 над Осасуна имаше старт со глава во нога на противнички играч. Јуначки.

Репрезентативец на Аргентина со стручна анализа на дербито со Бразил

Триесет и две годишниот лев бек Николас Таљафико во 2022 освои Светско првенство со Аргентина. Веќе има скоро 70 настапи за гаучосите. Тој решил самиот да направи врвна тактичка анализа на дербито со Бразил кого Аргентина го растури со 4-1 во средата во Буенос Аирес. Таљафико имаше асистенција за четвртиог гол на Аргентинците кој го постигна син му на Диего Симеоне, Џулиано Симеоне.

Хари Кејн на час по германски

Напаѓач со 76 гола на 82 меча не е за давање. Работава, да го научиме германски и да го задржиме до пензија. Само уште трофеј му фали во кариерата, бидејќи на 31 година се нема израдувано на ниту еден, а има одиграно вкупно 6 финалиња.

Лудница пас, прием и дриблинг на Јамал

Нешто најблиску до Меси во моментов според стилот, техниката и потезите на терен, дефинитивно е Ламин Јамал. Барселона синоќа ја совлада Осасуна со головите на Торес, Олмо и Левандовски, а ние одиме со најдоброто од 17 годишникот. Од каде да почнеме?

Оди повтори го слободниов удар да те видам

Пољаците знаат како да изненадат. Додуше се изненадија и самите себе си.

Mамардашвили бетер од Ноер

Конкуренцијата на Столе Димитриевски на дуелот од Лига на нации меѓу Грузија и Ерменија, не е дека само безцелно го напушти голот. Туку фраерот ја прими и направи асистенција. 

Преубав гол на нов типичен германски центарфор

Ник Волтемаде е уште еден интересен германски центарфор, уште еден типичен сидраш од тамошната фудбалска школа. Висок е 1.98 сантиметри и со скоро два метри има необично префинета техника со топката. Игра за Германија У-21 за која веќе има 7 гола на 12 средби. Против Шпанија У21 дал 3 гола и заработил интерес од Баерн Минхен.

Битолски фудбалски ѕвезди

Околу 50 играчи од Битола, репрезентативци на Македонија, оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Голем дел од нив со меѓународна кариера во Србија, Грција, Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Германија, Франција...

Велемајсторија на Суле, која соиграчите бараа да им ја објасни

Голчиштево не е од сега, ама ние сега го начекавме и мора да го споделиме. Се работи за Матијас Суле од Рома, кој за Аргентина У-23 направи потег за паметење. Малиот е 2003-та роден и допрва ќе прави бељи со топката.

Капитенот на Уругвај земал боца кислород на сред терен во Боливија

Во минатото коло од јужно-американските квалификации, Аргентина го совлада Бразил 4-1 а Уругвај на Марсело Бјелса одигра 0-0 против Боливија на гости. Натпреварот се играл на стадионот „Ел Алто“ во истоимениот град Ел Алто кој е највисок стадион на светот на 4.150 метри надморска висина. Таму во Боливија редовно во квалификациите кога доаѓаат други селекции како Бразил, Аргентина, Перу, Уругвај, Венецуела и други, екипажот носи со себе боци кислород за адаптација на условите.

Финиш за чиста 10-ка

Не го гледајте името на клубот, Јорк Сити, ниту конкуренцијата во која се натпреваруваат, а тоа е петта англиска лига. Туку погледнете го колку мајсторски реагираше пред гол нивниот напаѓач Оли Пирс. Врвно голчиште.

И за такво глупирање има жолт картон, немој да мислиш нема

Синоќа во најдобрата лига на Колумбија на мечот меѓу трофејниот Милионариос и Санта Фе кој домашните го добиле 2:0, нивниот играч Неисиер Виљареал во обид да ги потцени противничките играчи застанал да стои врз топката. Судијата без размислување му дал жолт картон.

Поранешен соиграч на Пандев од Наполи раскажа како тренирал во Рамадански пости

Алжирецот Фаузи Гулам кој 8 години беше член на италијански Наполи со кого освои два Купа и еден Суперкуп на Италија и играше заедно со нашиот Горан Пандев, за италијански Скај Спорт раскажува со што се соочува еден фудбалер муслиман за време на Рамаданските пости.

Тоше, Андреј од ДНК и Кочани

Време невреме. Вечерва гледав фудбалски натпревар каде фубдалот ми беше во втор план. На теренот фудбалски меч со трилер завршница, во моите мисли Кочани, жртвите, ДНК...

Арена Филип Втори по стапките односно капките на Олд Трафорд

Нашиот најголем и најубав стадион, кој блесна и беше домаќин на едно финале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед е изграден 1947-ма. Но Северната трибина ја имаме од 2009-та, а не од пред пола век, за да прокиснува. Го ѕирнал ли некој кровот на кое дереџе е или треба ние да алармираме?

Рекордот на Столе Димитриевски кој ќе биде запишан во историјата

Примениот гол од Велс во 96-та минута, освен реми, значи и горчлив крај на најславната голманска низа на Македонија.