Арена Филип Втори по стапките односно капките на Олд Трафорд

Нашиот најголем и најубав стадион, кој блесна и беше домаќин на едно финале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед е изграден 1947-ма. Но Северната трибина ја имаме од 2009-та, а не од пред пола век, за да прокиснува. Го ѕирнал ли некој кровот на кое дереџе е или треба ние да алармираме?

Сензитивни се овие денови на тема безбедност на објекти, посебно каде се собира многу народ и нема време за чекање. Стадионот е во надлежност на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор. Мрднете го газот и заборавете на решението со кофа. Капе во делот кај новинарите.

Пропаст до пропаст во Манчестер Јунајтед

26 март 2025 - 11:23