Фудбал

И ја сокривте топката на Андора а?

Шпанците беа најефикасни на синоќешните пријателски средби, а противникот им се викаше Андора, на која и пукнаа петарда. Хет-трик на Микел Ојарзабал. Издвојуваме еден од неговите голови, пред сè поради велелепната акција.

Паметен судија пред време свири крај

Уругвај предводен од врвниот стратег Марсело Бјелса до врв ја наполнија мрежата на Мексико и победија 0-4 на пријателски меч игран во Денвер. Пред крајот на натпреварот главниот судија реши да свири крај пред време поради упад на мексикански навивачи на терен.

Гол и две асистенции на Мбапе и бомба на Клаус

Нова тура пријателски средби на кои фаворитите овој пат не потфрлија. Франција го совлада Луксембург со 3:0, а потегот на мечот го има Џонатан Клаус од Олимпик Марсеј.

Најлајкуваниот коментар во историјата на Инстаграм

Кристијано Роналдо до Килијан Мбапе по повод големиот трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид како слободен играч.

Со Мануел Ноер најдовте да садите краставици

Домаќинот на ЕП, Германија и Украина одиграа пријателска без голови. Додуше Украинците беа печени да поведат и имаа празен гол кој им го овозможи Ноер. Ама чекај да видите како заврши нивната акција поради авантуристичкиот излет на Ноер.

Како Ариго Саки го објаснува рецептот за успеси на Карло Алчелоти?

„Знае да ги пренесе вредностите на понизноста, пожртвуваноста и почитта на ѕвездите на Реал во еден амбиент каде понекогаш се правеа грешки. Винисиус е најдобриот пример за тоа“.

Јосип Иличиќ победи депресија, ослабна и со гол оди на Европско првенство

Многумина мислеа дека 36-годишниот Словенец Јосип Иличиќ веќе ја завршил кариерата после толку маки со кои се соочи. Одличниот „Јојо“ се врати дома од Аталанта после чудесните години кои ги имаше со тимот во Бергамо кој го однесе во Лига на шампиони.

Ако ништо друго, ради фризурата требаше да го пуштат

Колку и да беше сулуда, бесмислена и празна, сепак фризурата на Бразилецот Роналдо на тоа Светско 2002-ра во Јапонија и Јужна Кореја кога Бразил освои светска титула, остана како еден убав носталгичен момент. И драго ни е секој пат кога некое дете ќе направи таква фризура, макар на шала.

Мачка во средина на терен како играч повеќе

На дуелот Варнамо - Мјалби во втора лига на Шведска кој завршил 1-2 за гостите, во еден момент и една мачка сакала да заигра фудбал. Додека не ја тргнаа од терен.

Пикси опцу, пола Виена го слушна

Во една од двете генералки пред почеток на Европското првенство каде е во група со Англија, Данска и Словенија, репрезентацијата на Србија загуби 2-1 на гости кај Австрија во Виена. Во 89’ минута од мечот при една одлична контра на Србија, Самарџиќ се удри во противнички играч и шансата пропадна па селекторот Драган Стојковиќ фрустрирано опцу.

Бруно Фернандеш распали на пријателска против Финска

Од седумте пријателски средби синоќа, најефикасна беше Португалија - Финска која заврши 4:2. Бруно даде два комада, едниот најубав погодок на вечерта.

Кога Бранко од Југославија сам се чудеше на својот еврогол против Англичаните

Време е за пријателски тест средби во очи на европскиот празник во Германија кој стартува на 14 јуни. Налетавме на ретро старо 50 години од пријателска меѓу Југославија и Англија. Словенецот Бранко Облак за глава се држеше откако сфати каде му ја смести на голманот.

Моќни кадри со Флорентино Перез во музејот на Реал

Нема потреба од звук или некакви зборови. Во 20 секунди клипот кажува сè. Сите 15 се на едно место, а вториот, тоа е Милан има 7. Кој и кога ќе ги стигне?

Реал му посака добредојде на Мбапе со страшно добра компилација

На Сантијаго Бернабеу пристигнува веројатно најјакиот напаѓач во светот во овој момент, со две мундијалски финалиња по ред од кои една светска титула, како и со 15 трофеи и 256 гола за ПСЖ, како и еден трофеј и 27 гола за Монако. Овој човек, кој се наоѓа веќе во зрели фудбалски години (25), не знае за обичен гол. Клипов е спектакл.

Има институции и за ваквите

Пријателски меч меѓу женските фудбалски селекции на Мароко и ДР Конго. Мала ситна закачка во 62’ минута и репрезентативката на Конго и фудбалерка на Галатасарај, Рут Моника Кипоји покажала УФЦ вештини поради кои мора да ја отстранат од фудбалот.

Ај Тонали што се коцкал, да видите Пакета од Вест Хем каков комарџија бил

Само што се стишија и спласнаа бурните наслови за скандалот со кладење во Италија кој Сандро Тонали го пренесе во англиска Премиер лига па доби драстична казна, сега пак нов скандал во Англија.

Втор дел фешта во Венеција, овој пат и на вода и на суво

Читател познат на редакцијата нѝ испрати обемен материјал од славјето на Венеција кое го фатил за време на неговиот престој. Прво славеа ноќта кога го остварија кам бекот во Серија А, но следниот ден со протокол. Најпрвин фудбалерите придружувани од навивачи пловеа со бродчиња по прекрасните канали, а потоа стасаа на славниот Пјаца Сан Марко, каде имаа голем пречек. Се враќаат во елитата по пауза од три години.

Сега e готово - и официјално Килијан Мбапе е играч на Реал Мадрид

После целата сага која трае добри 4-5 години и од која се изморија и птиците на гранките, Килијан Мбапе конечно станува фудбалер на најтрофејниот европски шампион. Му се оствари желбата.

Милевски: Не сум задоволен од тактичката дисциплина и физичката подготвеност

По поразот на Македонија од Хрватска со 3:0, селекторот Боби Милевски изрази незадоволство од дел од играчите и ја потенцираше нивната слаба минутажата во клубовите која се надева дека ќе ја решат.

Еден чуден гол во Уругвај во кој ќе видите сè

На натпревар од 15. коло во фудбалската лига на Уругвај меѓу Данубио и Малдонадо, домаќините повеле со чуден гол во 78’ минута на Себастијан Фернандез. Гостите израмниле во 89-та минута преку автогол на Мауро Гојкочеа.

Сторито на Рики после поразот на Македонија од Хрватска

Довчерашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски испрати скриена порака после поразот на Македонија од Хрватска од 3:0 и слабата игра.

А видовте ли капитенот на Венеција како го прослави кам бекот во Серија А?

Венеција се врати во прва лига по пауза од 3 години откако во бараж двомечот беше подобра од Кремонезе. Ако сте се запрашале некогаш дали е дозволено бањање во каналите на градот на вода, ќе ви одговори капитенот Марко Модоло.

Јунакот на Реал Мадрид го донел пехарот кај татко му полицаец

Дани Карвахал, детето на Реал Мадрид со гол во големото финале против Борусија Дортмунд на „Вембли“ беше меѓу најзаслужните што „кралевите“ освоија нова, 15. јубилејна титула во Лига на шампиони. На големата прослава во Мадрид, Карвахал во еден момент дошол до полициската бригада за да му го даде на татко му и колегите пехарот за да се сликаат.

21% Германци сакале побела репрезентација, селекторот: „Тоа е расизам и срање“

Познатиот телевизиски гигант од Германија - Westdeutscher Rundfunk нарачал анкета во која меѓу другото испитаниците биле прашани „дали репрезентацијата треба да ја претставуваат повеќе бели играчи“?