Фудбал

Тактичките замисли на Гвардиола со кои стигна до тројна круна

На Пеп не му е непознато да прави тактички модификации на веќе успешни тимови, но пред историската сезона мораше да направи една голема промена. Да го вклучи во системот големото летно засилување, Ерлинг Халанд.

Дуел на колото

Во натпревар од фудбалска лига на Индонезија, извесен Рико Симанџунтак кој е висок 1.58 сантиметри и игра за Персија Џакарта, влегува во дуел со 1.98 сантиметри високиот стопер Јуран Фернандес од клубот Макасар.

Голот на деценијата во Норвешка го има играч на Бодо Глимт

Амахл Пелегрино, Норвежанец со потекло од Танзанија направи брилијантен потег, односно два и овде човек не може да се реши што е појако, голот или приемот на топката? Погледнете го како ја изведе оваа убавина, како да е нешто најлесно на свет.

Каков е стадионот на кој ќе игра Барселона додека „Камп Ноу“ се реновира

Навивачите на Барселона во новата сезона ќе го бодрат својот тим на Олимпискиот стадион „Монжуик“ поради целосното реновирање на нивниот дом „Камп Ноу“. Стадионот „Монжуик“ има капацитет од 54.367 места, Изграден е во далечната 1927-ма година но неколку пати е реновиран низ годините.

Кои играчи до сега отидоа во Саудиска Арабија?

Со денешниот официјализиран договор на Марсело Брозовиќ во Ал Наср вреден 100 милиони евра за 3 години, овој тим стана уште посилен. Лигата на Саудиска Арабија ја засилија шест врвни играчи, а се очекуваат уште нови трансфери.

Кога ти се смее ти се рика, а ситуацијата налага сериозност

Скоро секој имал некој момент кога ситуацијата е сериозна а мораш да се смееш под мустаќ за да не прснеш и направиш непријатна сцена. Така и овој млад фудбалер од Африка при интонирање на националната химна.

Новото офсајд правило ќе биде мелем за напаѓачите и гледачите, а проблем за дефанзивците

Арсен Венгер е човекот заслужен за револуцијата која веројатно ќе следи во најспецифичното фудбалско правило поради кое се случуваат еден куп прекини. Спремете се за дожд од голови. Ќе биде јако.

Најчудната акција на дербито Манчестер Јунајтед - Ливерпул

Премиерлигашките гиганти, големи ривали уште од времето, низ историјата одиграле голем број дуели. Имало сè и сешто. Од резултатски понижувања до прекрасни голови, тепачки, нереди, титули. Една акција од времето на Кени Даглиш во 1980-та година е незаборавна. И ден-денес нејасна.

Што сè нема да види човек по стадиони

Пред почеток на мечот меѓу ЛДУ Портовиехо и Депортиво во Еквадор. Лик без карта успева да превари еден куп редари, вратари, обезбедување. Поточно злоупотреба на дело.

Кои се 10-те најголеми и најскапи трансфери летово?

На први јули се отвори трансфер преодниот рок во најголемите европски лиги - во Италија, Франција, Шпанија и Германија. Во Англија прозорот беше отворен на 14-ти јуни. Многу клубови веќе направија големи зделки уште во првите денови.

Прекрасни сцени во Јапонија, цел стадион му пее на Иниеста

Андрес Иниеста и навивачите на Висел Кобе очигледно многу се поврзаа во изминативе 5 сезони. Шпанецот тоа и го истакна на последниот меч викендов кога зборуваше за љубовта која му ја дале. Заминува со стоплено срце и многу емоции. Испраќањето беше фантастично.

Шамар за Французите од Украина, асистенцијата на првенството ја има Мудрик

Селекцијата на Украина ја изненади Франција со 3:1 во четвртфиналето на Европското првенство за играчи до 21 година. Крилото на Челси Михајло Мудрик, кој играше на 16 јуни и за сениорите против Македонија, се истакна со страшен пас од своја половина. Украинците во полуфинале одат на Шшанија, а другата двојка е Израел - Англија.

Јапонците го испратија Иниеста како великан

По пет години престој, шпанскиот уметник со топка, Андрес Иниеста ја завршува јапонската авантура во Висел Кобе. Му приредија величественото испраќање со сите нишани.

Голот на сезоната во ЛШ е дело на Меси

УЕФА ја објави листата на топ 10 голови на сезоната во Лигата на шампиониte. Два се на Мбапе, а победник е Лео Меси кој на мечот против Бенфика реагираше како на Плејстејшн.

Колку пари потроши Берлускони во фудбалот?

Првиот трансфер го направил кога му го земал пред нос на Јуве, Роберто Донадони за 10 милијарди лири, а првата инјекција во Милан изнесувала 100 милијарди лири. Никогаш не штедел, ни во Милан, ни во Монца.

Пет години од голот број 1 на Мундијалот во Русија

Финалистите од Катар 2022, на претходното Светско првенство 2018-та се сретнаа во осминафиналето. Се одигра на денешен ден, а во следна фаза отидоа Французите кои славеа 4:3. Бенџамин Павард гi збуни сите со фелшов.

Бејл објаснува за каква апсурдна работа се нервирал Роналдо во соблекувална

Герет Бејл кој со Роналдо се радуваше на многу трофеи во Реал, вели дека Кристијано бил океј лик со кој немал никогаш проблеми, но ја потврди неговата опседнатост, а тоа се головите. И 5:0 кога ќе победеле, ги фрлал копачките од нервоза ако го нема меѓу стрелците.

Тренерот на Ѕвезда од Бари 1991 вози во спротивен правец и прави судар

Се сеќавате ли на Љупко Петровиќ, човекот кој ја освои онаа легендарна европска титула со Црвена Ѕвезда? Го снимија на обиколница во Белград како прави сообраќајка во нејасни и чудни услови.

Најлудата романска сцена на фудбал при давање изјава

Секогаш кога ќе помислиме дека сè сме виделе и сè сме објавиле од таму, ќе ни стигне јак и оправдан демант. Па уште репортерот и микрофонот му го намести пред лице.

Комити стануваат нови газди на Вардар

Големи историски новости се случуваат во Вардар. Слободан Крстевски аут, Комити ин. Обезбеден е и доста солиден буџет за првата полусезона.

Македонија бележи пад на рангот на ФИФА

По разочарувачките резултати, македонската фудбалска репрезентација очекувано не напредуваше на најновата ранг листа на ФИФА и клизна за три позиции.