Фудбал

Фудбалер по име Дани Трехо направи шоу во Полска со еврогол во 94-та

Дани Трехо е Мексиканец кој играше со Кјелини и Бејл во Лос Анџелес, а јануари годинава е член на Корона Кјелце на која и донесе победа во судиско на спектакуларен начин.

Има ли јунак што може да ја фати бомбава на Ливерпул?

Ама не е ова англискиот Ливерпул, туку Уругвајскиот. Каков е ова удар мајсторе?

Барди го прекина долгиот пост со прекрасен шајка удар

Трабзонспор ја заврши лошата серија со триумф над Хатајспор, а еден од најзаслужните за победата беше капитенот на Македонија.

Австралија го има најлошото и најнелогично промашување

„Ова никогаш повеќе нема да го видите. Најневеројатното промашување. Веројатно сака да потоне во земја“, вели коментаторот кој одлично го опиша срамот кој го изеде Патрик Вуд од Сиднеј, кој патем игра на позиција напаѓач. Нереално.

Голман - глумец на годината

На натпреварот меѓу Шлонск Вроцлав, второпласираниот тим од полската Екстракласа и петтопласираниот Погон Шецин, гостите победиле 0-1 и ја направиле трката за титулата во Полска многу интересна. Првопласираните два тима имаат по 41 бод, третиот 36, четвртиот 35. Но друг ни беше муабетот. Гостинскиот голман, Романецот Валетин Којокару имал кардинално глуп обид за глума.

Еврогол на сезоната во полу-аматерски фудбал

На мечот меѓу Чешем Јунајтед и Супермарин во англиската таканаречена седма и осма лига, домаќините славеле 4-0. Рајан Апворд постигнал гол каков што не се гледа никаде често.

Тео во еден момент е бек, во друг момент се претвора во Шевченко и го решава шампионот

Тео Хернандез на Википедија е претставен како еден од најдобрите бекови во свет, што е жива вистина. Зборуваме за ултрамодерен и продорен бек, со страшна брзина и многу моќен шут. Погледнете го колку го едноставно го изведе ова во соработка со Жиру и Леао со трк од 50 метри, си завршница вредна 3 бода против Наполи. 28 гола има постигнато за Милан, а е дефанзивец.

Фергусон сурово искрен за Тотенхем

Тотенхем Спарс му беа еден од најголемите ривали на Фергусон во неговата тренерска кариера. Имаа многу мегдани во Лондон и во Манчестер. На прашање денес што мисли за шансите на Тотенхем некогаш да освои титула, 82-годишниот Ферги има само едно:

Филмска приказна - Брегот на Слонова Коска после триста перипетии стана шампион на Африка

Репрезентацијата на Брег на Слонова Коска ја совлада Нигерија во големото финале на Африкански Куп на нации со 2-1 после пресврт и на домашен терен во Ебимпе, 20 километри од главниот град Абиџан прослави уште една шампионска титула во овој највреден турнир во Африка.

Пандев раскажува каква идеја реализирал Станковиќ за прославата на Интер во ЛШ

Што направил Пандев со парите од првите богати договори. Како Дејан Станковиќ ја организирал музиката за прославата кога освоиле ЛШ? Функционирањето на ФФМ во последните 30 години. Ова се дел од темите со нашата најголема фудбалска легенда во вториот дел од емисијата „Еден на еден“ на Канал 5.

Баер Леверкузен го декласираше Баерн Минхен

Под водство на Шпанецот Чаби Алонсо, Баер Леверкузен игра неверојатна сезона. „Фармацевтите“ во големото дерби со шампионот Баерн Минхен славеа убедливо и лесно со 3:0, се одлепија на 5 бода на врвот на табелата пред Баварците и го запишаа 31-от меч без пораз во сите натпреварувања. Имаат 27 победи и четири нерешени а следниот викенд играат против Хајденхајм на гости.

Два нови гола на Миовски кој му исполни желба на едно дете

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски игра во неверојатна форма и викендов одново е во фокусот.

Зидан vs Балак, безпоштедно малтретирање

Реал Мадрид - Баерн Минхен. Да не знае човек дали да се чуди на мајсторлукот и стилот на игра на Зидан или да го жали Балак? Си поигра како со забаваче.

Стивен Жанг од Интер, најуспешниот претседател во Европа за негови години

Неколку факти за најмладиот претседател во историјата на 19 кратниот шампион на Италија.

5 мајстории на Сон од слободен удар за Кореја постигнати за 20 месеци

Во периодот од 6 јуни 2022-ра до 3 февруари 2023-та, ѕвездата на Тотенхем се претворил во Синиша Михајловиќ против Чиле, Парагвај, Коста Рика, Колумбија и Австралија. Му легнале јужноамериканските држави.

Кога ќе кажеш пуши ко Турчин, се мисли и на коментатор Турчин

Турска верзија на Силвестер Сталоне, стои во еден од коментарите за коментаторот кој уво не го боли дали го снима камера или не.

Нови срамни испади на Роналдо во Саудиска Арабија

На толку трофеи, пехари, Златни топки, документарки, освоени врвови да одиш на залез на кариера во Саудиска Арабија и таму да паѓаш на провокации на навивачи е малку необјасниво. За таква величина како Кристијано Роналдо е несфатливо да прави вакви испади.

Македонија доби коректна група во Лига Нации

Европската фудбалска федерација УЕФА вечерва ја одржа жрепката за новото издание на Лига Нации кое започнува во септември годинава.

Душичка, па кажете ѝ бе

На Светското фудбалско првенство за фудбалерки до 17 години, Мароканките со 11-0 ги совладале девојчињата од Нигер У-17. Голманката на Нигер во еден момент заборавила на правилото за гол-аут и топка од игра.

Најчудниот автогол во Бундеслига кој го прими босански голман

Томислав Пиплица имаше солидна голманска кариера. Од Искра Бугојно преку Загреб, Сегеста и Самобор стигна до германски Енерџи Котбус. За овој клуб бранел на 248 натпревари но се памети по автоголот на мечот против Борусија Менхенгладбах во сезоната 2001/2002.

Во Премиер лига поставен нов рекорд за најбрз трк

Мики ван де Вен има 22 години и веќе е стандарден стопер во Тотенхем каде дојде во август минатата година. Младиот Холанѓанец веќе има два настапи за репрезентацијата на Холандија, а на мечот против Брентфорд на 31-ви јануари поставил нов неверојатен рекорд како најбрз играч во Премиер лига. При еден спринт постигнал брзина од 37,38 км/час и тоа е најбрз трк во историјата на англиската лига.

Реинилдо и Гризман со два груби стартови, првиот со две нозе и без памет

Барселона и Реал Мадрид се елиминирани во Копа дел Реј, а натаму тргна и Атлетико кој за пласман во финале ќе има тешка задача во Баскија. Чудни судиски одлуки паднаа во Мадрид.

Жињак на денот

Триесет и осумгодишниот француски центарфор Андре-Пјер Жињак кој во Мексико игра веќе цели девет години, повторно постигна прекрасен гол за неговиот Тигрес, овојпат на почеток на плејофот во северноамериканската Лига на шампиони, против Ванкувер на гости. Жињак од слободен удар во 88’ минута му донесе супер резутат на мексиканскиот состав 1-1 пред реваншот.

Ривер извади ново дете кое стана најмлад стрелец во историја

Во рамки од аргентинскиот Куп Ривер Плата играла против нисколигашот Ексурсионистас и славела 3-0. Ова било прилика тренерот Мартин Демикелис да проба некои помлади играчи, па шанса добил и 16-годишниот Франко Мастантуоно. Овој фудбалер е роден во август 2007-ма година, игра за Аргентина У-17 а влезе во клупската историја на Ривер како најмлад стрелец на гол на своето деби.