„Паоло Роси - златното момче и легендите на фудбалот“ е изложба со уникатна реткост која ја имаме на дланка во Скопје.
Ние бевме, уживавме и се изнасликавме и затоа одиме сега со втор дел од фудбалското богатство кое може да го посетите во Мала станица секој ден до 21 април, од 10 до 18 часот.
Благодарение на музејот на ФИФА и некои од најважните колекционери во светот, изложени се дресови, копачки, тренерки, топки, фотографии, документи, трофеи и медали кои им припаѓаат на најголемите легенди на светскиот фудбал.
Изложбата содржи 500 експонати, не само поврзани со Роси, туку и со историјата на фудбалот воопшто.
Јакото е што на едно место може да се видат дресовите на сите 47 добитници кои ја освоиле Златната топка од 1956-та до денес како што се:
Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, Герд Милер, Џузепе Меаца, Сандро Мацола, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Фалкао, Лев Јашин, Ференц Пушкаш, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф, Еузебио, Дино Ѕоф, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Мишел Платини, Роберто Баџо, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лука Модриќ...
Ги има и Златната топка на Меси освоена во 2011-та, дресот од финалето на Светското во Катар, како и негови копачки.
Потоа Златната топка на Марко ван Бастен, копачки на Роналдо и Пирло, топката од финалето меѓу Аргентина и Франција на последното СП, како и топката од последниот меч меѓу Македонија и Италија одигран лани на Градски, потпишана од сите италијански фудбалери.
Животот и кариерата на легендарниот Паоло Роси го имаме на тацна претставен во Скопје