Фудбал

Вокер се истепа со камерата

Манчестер Сити почна победнички после Светското со триумф од 1:3 против Лидс на гости. Имаме две циркузантски сцени од мечот. Кајл Вокер со камерата и Пеп Гвардиола со шишето.

Лео, врати си се ти во Париз со време

За Меси после Светското нема дерман во родната Аргентина. Откако доби продолжен одмор по големиот триумф на Мундијалот, Меси неколку дена е во роден Росарио. Тргнал синоќа да оди на 15-ти роденден кај внука, со жена му Антонела и трите деца. Комшиите дознале па уште малку да му влезат во џипот.

Пеп рогна шише па потрча да се извини во Лидс

Можеби намерата не му беше толку далеку да го шутне шишето во момент на нервоза, па кога виде дека заврши на противничка клупа, тргна да се извини коректно. На крај неговиот тим славеше 1:3 на гости кај Лидс Јунајтед и ја продолжи потрагата по првопласираниот Арсенал.

Брилијантни дриблинзи на Нејмар кој заврши со црвен за симулирање

Уште во првата партија после Светското, ново блесаво издание на Нејмар кој од една страна се истакнува со бразилски мајстории, а потоа се глупира и добива два жолти картони за две минути. Вториот откако се обиде да изглуми пенал.

Индиски коментатор кој со описот оди до крај

Коментира на англиски со индиски акцент, на крај за „wow“ вели вау, а за незгодно повредениот играч оди со следниов коментар: Не само што сам се жртвуваше во акцијата, туку си ги жртвуваше и идните генерации. Замислете Светско да му дадеа да коментира?

Пазете го сега Египќанецот колку ќе се изнаигра на лондонското дерби

Навивач од трибини со мобилен ја лови последната измена на мечот Арсенал - Вест Хем 3:1. Во игра влегува Мохамед Елнени на местото на Томас Парти. Му изброија дури 22 секунди на терен, по што судијата свири крај. Еден пишал дека со оваа партија докажал дека е новиот Пирло.

Атлетико Мадрид дал најмногу светски шампиони

По Светското првенство 2002, Атлетико Мадрид се осамостои на челната позиција на вечната листа клубови кои дале најмногу светски прваци. На Французите Тома Лемар и Антоан Гризман пред неколку недели со злато околу вратот им се придружија и Науел Молина, Родриго Де Пол и Анхел Кореа.

Како Динамо Загреб и Чиро Блажевиќ го испуштиле Михајловиќ за 20.000 марки?

Црвена Ѕвезда не е единствената екипа која го имаше и не го зема Синиша Михајловиќ бесплатно, па потоа плати рекордни 1,2 милиони марки. Слична глупост направиле и нивните хрватски ривали на чело со тогашниот тренер на Динамо, Чиро Блажевиќ.

Наполи прашува кој е најубав гол на годината, го има и Елмас

Наполитанците направија рекапитулација на голчишта за 2022-ра и во топ 5 ги ставија Грузиецот Кварацхелија, Аргентинецот Симеоне, Нигериецот Осимен, Пољакот Зјелински и Македонецот Елмас. Имаат прашање до фановите: Кој е најубав за оваа година?

После 1.688 дена Арсен Венгер се врати на „Емирати“

Арсенал и Вест Хем одиграа прекрасно мини градско дерби. Гостите поведоа од пенал во 27’ минута преку Саид Бенрама, а „топџиите“ во вториот дел од 53-та до 69-та минута постигнаа три гола и заслужено славеа 3-1. Арсенал и натаму е во сериозен налет и цврсто го држи првото место во Премиер лига. Навивачите ја сонуваат титулата која ја чекаат цели 18 години.

Најблиските се збогуваат со Пеле

Бразилската икона кој на 82 години се бори со рак, дише на шкрги. Семејството одлучи да објави клип на кој се гледа како Пеле се мачи во кревет, а најблиските преку видео повик се простуваат од него. Хоспитализиран е во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Интересен гол во 2-ра минута падна во француска Лига 2

Во 16. коло од француската втора лига, малку познатиот Анеси со 2-1 го совлада најтрофејниот француски клуб Сент Етјен кој тоне подлабоко и е убедливо последен во втора лига со само 11 бода. Двата гола за Анеси ги постигна Моисе Саи, а првиот во 2’ минута беше со петица.

Срамна глума во Премиер лига, навивачи бараат црвен картон

Брентфорд синоќа имаше водство од 2:0 против Тотенхем, но гостите за само 6 минути стигнаа до израмнување. Во обид да изнуди пенал за победа, Камерунецот Брајан Мбемо се фрли и се обиде да ги излаже сите судии. Навивачите парче го прават во коментари.

Кое е чудото од дете од Бразил за кое Реал Мадрид дава 60 милиони

За време на Светското првенство се појави вест дека кралскиот клуб прави трансфер на 16-годишниот Ендрик од Палмеирас. Овој чудесен талент го нарекуваат идна мегаѕвезда. Во Мадрид ќе пристигне во јули 2024-та а Реал за него платил 35 милиони плус 25 милиони за бонуси.

Го имаме промашувањето за 2022 година

Се случи на мечот Брунеи - Индонезија 0:7. Без разлика на реализацијата на гостите, тоа што го утнаа треба да им го исечат од хајлаjтс, бидејќи срамота е да стои. Коментаторот вели ова може да е промашувањето на годината во цел свет. Не да може, ова е без конкуренција.

На Емирати се скандираше за Венгер кој се врати по 4 години

Човекот со кој заврши една ера од 1.235 меча како тренер на Арсенал и кој им донесе 3 титули во Премиер лига, 7 ФА Купови и 7 Комјунити Шилд, се врати како гледач на трибините после 4 години. Арсенал го доби градското дерби против Вест Хем со 3:1, а навивачите пееја: „Има само еден Арсен Венгер“. Топџиите се први со 13 победи после 15 кола.

Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Боксинг деј

Англичаните ја продолжија вековната традиција, на 26-ти декември, ден после прославата на Божиќ според нивниот календар, да играат фудбал и да ги полнат стадионите. Први денес празнично одиграа Брентфорд и Тотенхем. Домаќинот водеше 2-0 но гостите израмнија на 2-2 и на крај однесоа бод. Хари Кејн го постигна првиот гол за Спарс на мечот, а негов рекорден 10-ти на Боксинг деј со што го надмина Роби Фаулер кој имаше 9.

Снимка од О’Нил кој го понижува Гатузо како никој

Не џабе го носеше прекарот „El Mago“ (магионичар) и не џабе Зидан за него рекол дека е најталентираниот негов соиграч. Тоа му стои уште во вовед на Википедија. Внимавајте добро што му прави на Џенаро Гатузо на мечот Каљари - Салернитана 3:1, одигран на 9 мај 1999-та.

Главниот творец на светската титула на Аргентина, кој покажа како се прави стратегија

Мундијалот 2022 ќе остане запаметен по генијалецот Меси, но всушност тоа е победа на долгогодишно планирање и анализа на еден човек по име Цезар Луис Меноти, кој има 84 години и е директор на аргентинската фудбалска репрезентација.

Кои се најдобрите изведувачи на слободни удари на сите времиња?

До ден-денес рекордите ги држат неверојатни изведувачи кои решетаа во ера кога немаше спреј за живиот ѕид, кога немаше ВАР снимки и повторувања и кога фудбалот беше по многу нешта поинаков од денес.

Продолжи прекрасната Божиќна традиција на Унион Берлин

Пандемијата на пар години ги остави навивачите на симпатичниот клуб Унион Берлин без прекрасната пред Божиќна атмосфера. Пред крајот на 2022-ра традицијата се врати и стадионот одново собрал околу 30.000 навивачи.

Марадона и Пеле во студио играат без да им тапне

Не е дека има многу заеднички гостувања од овие двајца великани на 20-ти век, па уште и со топка во студио. Едниот замина на 60 години, другиот се бори да не испушти душа на 82, а ракот му прогресира и католичкиот Божиќ го помина во болница.

Овој да не му е школски на голманот на Аргентина?

Додуше Емилиано Мартинез беше горе доле примерен на Светското додека играше, после тоа го фатија будалите.

Последното појавување на Михајловиќ во јавност

И покрај здравствените проблеми, големиот Синиша кој почина на 16 декември, на 1-ви истиот месец му прави изненадување на Зденек Земан за време на промоцијата на неговата книга „Убавината нема цена“. Цела сала му аплаудираше за гестот.