Фудбал

Ја фативте ли холандската портокалова река на трибини?

Холандија после голем пресврт ја совлада Турција со 2:1 и заслужено оди во полуфинале каде ќе се сретне со Англија. Холандските навивачи продолжија во свој стил со техно звуци да прават шоу! Во Берлин од улици журката ја префрлија на трибини.

Пикфорд на шише да ти ги запишал пеналџиите на Швајцарија

Натпреварот меѓу Англија и Швајцарија заврши 1-1 во основниот дел, Англичаните се извадија со гол во 80’ минута откако беа во негатива, па после 120 минути фудбал се премина на пенали. Таму Англичаните повторно се спасија односно ги спаси голманот на Евертон Џордан Пикфорд кој му одбрани пенал на Мануел Аканџи и Англија славеше 5:3 на пенали. Еве како Пикфорд вешто пред мечот си ги напишал сите пеналџии на Швајцарија кој каде шутира.

Тренинг за агилност во изведба на Шпанија

Во групна фаза 3 од 3 без примен гол, во осминафинале 4:1 Грузија, во четвртфинале 2:1 Германија. Најмногу покажаа, најубаво одиграа и ќе биде најзаслужено ако тие го подигнат трофејот. Велат дека еден од многу тренинзии кои ги практикуваат е и овој неверојатен тренинг за агилност.

Тони Крос: „Германија не е веќе истата земја од пред 10 години поради масовната миграција“

Легендата на германскиот фудбал и легенда на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос пред неколку дена беше елиминиран со Германија од Еуро2024 после поразот од Шпанија во продолженијата. Тоа беше последен фудбалски натпревар за Крос кој оди во пензија на 34 години.

Големата возбуда додека игра Англија

Со Швајцарија се извадија во 80-та па на пенали, со Словачка во 95-та, па во продолженија, а во групна фаза ја победија само Србија и тоа им е единствен триумф во 90 минути фудбал. До кога мислат вака да тераат. Нивни луѓе почнаа да заспиваат.

Говорот на последниот фудбалски Мохиканец за пропаста на фудбалот

Еден од најдобрите светски тренери на сите времиња, човек од кого учеа многу современи врвни стратези како Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Јирген Клоп, Томас Тухел, Унаи Емери и многу други. Марсело „Ел локо (лудиот)“ Бијелса. Сега е селектор на Уругвај кого го однесе до полуфинале на Копа Америка летово и сега ги чека дуел со Канада. Имаше едно јасновидно излагање за денешниот фудбал.

Убаво рече Роналдињо нит ги гледам нит ќе ги гледам

Репрезентацијата на Бразил испадна од Копа Америка рано уште во 1/4 финале од Уругвај на пенали (4:2) откако во основниот дел беше 0:0. Бразилските разгалени ѕвезди веќе одамна, долго време не ја играат убавата Joga bonito (Жога бонито), фудбал по кој беа препознатливи секаде во светот. Сега со неколку разни селектори на клупата играат досадно, јалово, безидејно и повеќе мислат на своите шатирани и бланширани фризури отколку на репрезентацијата.

50 години од едно епско ракување во Минхен

Фудбалот не почна со Роналдо и Меси, тоа децата мора да го знаат и да прашаат по дома кои биле Јохан Кројф и Франц Бекенбауер. Симболи на Холандија и Германија кои одбележаа една фудбалска ера во која заедно освоија 5 Златни топки во периодот 1971-1976.

Ако одите на сладолед во Автокоманда ќе ве служи Елиф Елмас

Малдиви, Дубаи, Бали, во ресорти, скапи вили и на јахти. Со ракчиња, ајкули и јастози. Ништо од тоа за Елиф, му помага на татко му во слаткарница.

Каков ви е бе овој корнер?

Англичаните второ Европско по ред се изборија за полуфинале под водство на Саутгејт, ама некако неубедливо, со многу среќа и со само една победа во 90 минути фудбал. Бледо издание на скапите ѕвезди и еден глупав корнер кој заврши на голман, за потоа и да ја загубат топката.

Холандија го спречи турското лудило со пресврт за 6 минути

Холандија и Турција го одиграа најдраматичното четвртфинале во 90 минути фудбал и прво без продолженија и пенали. Самет Акајдин на асистенција на Арда Ѓулер ја фрли Турција во транс во 35 минута. Де Врај ја врати неизвесноста во 70-та, а пресуден за четвртиот полуфиналист беше Мерт Мулдур кој си постигна автогол во 76-та минута.

Англија е полуфиналист, пресудија пеналите

По Франција и Шпанија кои ќе се сретнат во финале пред финалето, селекцијата на Англија е третиот полуфиналист на ЕП 2024. Повторно не успеаа да ја оправдаат фаворитската улога и извадија 1:1 во регуларните 90 минути против Швајцарија. Мануел Аканџи е единствениот играч кој промаши во пенал серијата која заврши 5:3.

Шаќири директно од корнер против Англија, овој пат за малку

Јунакот пак ќе се презиваше Шаќири, а жртва Англија, но овој пат тоа не беше Аце од Македонија, туку Џердан од Швајцарија. И не во квалификации, туку во продолженија за пласман во полуфинале на ЕП. Незгодниот Шаќири влезе во игра во 109-та минута и веќе во 117-та им ги стресе гаќите на Англичаните.

Ново потпросечно издание на Англија, се извадија и против Швајцарија

Трето четвртфинале, трет натпревар кој ќе оди во продолженија. Иако важеше за главен фаворит за трофејот, Англија повторно одигра натпревар под нивото со оглед на скапите ѕвезди во тимот и на 5 меча има само една победа во 90 минути фудбал. Плус пак се спасија, овој пат со голот на Сака во 80-та за конечни 1:1. Швајцарците беа во водство само 5 минути откако Емболо ја затресе мрежата.

Кај си застанал тука, гледаш дека нашите играат?

Еквадор, Копа Америка, јужноамериканска страст за фудбал.

А што ќе прават ако стигнат до полуфинале?

Турција игра вечерва од 21 часот против Холандија. Ако им фали мотивација, нека го пуштат клипов. Вака го славеа досегашниот пласман. 

Пепе - дефиниција за борец на 41 годинa!

Од непознати причини наградата за играч на мечот Франција - Португалија ја добил Усман Дембеле, ако се знае дека ветеранот, 41-годишниот Пепе одигра фантастичен меч и ги доби речиси сите дуели од далеку помладите и побрзи противнички фудбалери. Водеше битки со Мбапе, со Коло Муани, со нивните резерви, со Маркус Турам и Бредли Баркола. На крајот се расплака во прегратка на Роналдо поради испаѓањето.

Шизичкиот потег на Леао со Кунде

Португалија и Франција го играат вториот четвртфинален дуел на Еуро2024. Подобриот од нив ќе оди на Шпанија. После првиот дел е 0:0 а најјак момент беше потегот на фудбалерот на Милан Рафаел Леао.

По пенал рулет Франција е втор полуфиналист, Роналдо и Португалија си одат дома

Во второто четвртфинале, Франција и Португалија вечерва во Хамбург одиграа без голови во основното време и продолженијата, па патникот во следна рунда го решаваа пеналите. За разлика од дуелот со Словенија кога португалскиот голман одбрани три пенали, вечерва немаше среќа.

Дриблингот на првенството го има Фабијан Руиз

Дваесет и осум годишниот Руиз кој игра за ПСЖ е еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство. Постигна 1 гол, има асистенции и буквално везе на теренот во што се увери и цел среден ред на Германија во осминафиналето.

Голот на Вирц кој ја крена Германија на нозе

Во фантастичен натпревар од 1/8 финалето, двете селекции кои покажаа најмногу на цело Еуро2024, ремизираа 1-1 во основните 90 минути. Шпанија поведе прва преку Дани Олмо во 51' минута. Германија бараше гол долго време и го најде дури во 89' минута преку најдобриот играч во Бундеслига за минатата сезона, младиот Флоријан Вирц.

Шпанија е во полуфинале, Германија се прости од Европското!

Во најголемиот спектакл од досегашниот тек на Еуро2024, вечерва во Штутгарт во првото четвртфинале, Шпанија ја совлада Германија 1:2 после продолженијата, откако во основниот дел мечот заврши 1:1. Шпанците ќе одат на подобриот од Франција - Португалија но ќе играат без речиси пола екипа поради парни картони.