Фудбал

Незаборавната ноќ на Ѕвезда кога Панчев и Савичевиќ го срушија Баерн среде Минхен

Ах на какво видео налетавме, оди игнорирај го да те видам. Зборувано и повторувано е, ама старо, а младите мора да го знаат.

Мафијата, Палермо и Вест Хем

Во сезоната 2006/2007 во Куп на УЕФА се паднаа Палермо и Вест Хем. Тогаш за италијанскиот тим играа Корини, Ди Микеле, Брешано, Барѕаљи, Ѕакардо а за англискиот Тевез, Маскерано, Карлтон Кол, Кончески, Рој Керол, Ли Бојер. Првиот меч во Лондон Палермо го добива 0-1, а реваншот 3-0 и со вкупен резултат 4-0 оди понатаму. Но друг ни е муабетот.

Мика Ричардс го изненади Гвардиол со прашање на хрватски

Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс се задолжени за шоу во студиото на СиБиЕс пред и после секое коло од ЛШ. Го вклучија во живо Јошко Гвардиол по што на сцена стапи Ричардс. Додуше и Карагер на крај го повтори истиот збор на хрватски, ама изговорот му беше крш.

Алекс Дел Пјеро е толку голем што тренери прават селфи со него

Тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ по крајот од првиот меч од 1/4 финале на Лига на шампиони против Атлетико Мадрид (2:1) зборувал со легендарниот капитен на Јувентус Алесандро Дел Пјеро. По крајот на интервјуто се врати да му побара нешто.

Луис Суарез пак ќе направеше случај Киелини

Во реваншот од четвртфинале на Купот на шампиони КОНАКАФ за Северна и Средна Америка, Монтереј го растури Интер Мајами со убедливи 3-1 и со вкупни 5-2 се пласираше во полуфинале. За тимот од Калифорнија играа и Меси и Алба и Бускетц и Луис Суарез а овој последниот за малку ќе го повредеше противничкиот играч Виктор Гузман.

Навивачите на Рома му ја платиле казната на Манчини за навредливото знаме

Стоперот на Рома, Џанлука Манчини ги разгневи навивачите на Лацио како никој друг. Им даде гол за триумф на „волчицата“ 1-0, се фаќаше за врат со противничките играчи а после мечот вееше знаме во боите на Лацио со исцртан глушец како навредлива алузија дека навивачите на Лацио се глувци.

И за Халанд има лек, гледајте Рудигер како го чуваше

Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе потфрлија на првите четвртфинални дуели од ЛШ и не се запишаа на листата на стрелци, нешто што од нив секогаш се очекува. Норвежанецот не се виде.

Средбата на Чави и Луис Енрике во тунелот

Луис Енрике заигра за Барса 96-та, а Чави 98-ма. Играа заедно 6 години, до 2004-та, а потоа во сезоната 2014/2015 Луис Енрике кој е 10 години постар, му беше тренер на Чави во истиот тим. Старо познанство е тоа.

Интервенција на Араухо во стилот на Пујол

Барселона извади фантастичен резултат на гостувањето против ПСЖ кој го доби со 2:3. Мбапе беше една од најслабите карики на терен, а Роналд Араухо дефинитивно една од најјаките. Погледнете го овој моќен старт.

Дечки, го имаме ли најинтересниот гол на сезоната?

Во Купот на Ирак, на дуелот Ал Нафт - Ербил, домашните воделе 1-0 до 85-та минута кога гостите даваат тотално луд гол со двојни ножички. Реализатор е Јасин Самија кој го израмнил резултатот на 1-1 а мечот на пенали на крај го добиле домаќините.

Ново гол шоу со пресврти во ЛШ, Барселона триумфално во Париз

И втората четвртфинална ноќ од ЛШ задоволува. Паднаа 8 гола, два помалку од вчера. ПСЖ беше кус за еден гол за да се повтори сценариото од Бернабеу. 0:1, па 2:1 и на крај конечни 2:3 за Барселона. Маестрална асистенција на Педри, мајсторски гол на Рафиња, кој инаку беше двоен стрелец на дербито кое го реши Кристенсен. Атлетико со 2:1 ќе патува во Дортмунд.

Интеристите се во транс, во Милано веќе мириса на Скудето

На 7 кола до крајот на сезоната во Серија А, разликата од 14 бода пред градскиот ривал е недостижна. Интер со Симоне Инѕаги игра фантастично. Има 82 бода, само еден пораз и одличен скор од 75 дадени и 15 примени гола на 31 меч. Титулата број 20 наскоро само ќе ја официјализираат.

Трите спорни одлуки на Емирати кои кренаа голема врева

Реал и Сити режираа величествена фудбалска претстава со 6 гола, пресврти и атрактивни погодоци за најавни шпици. На другиот меч меѓу Арсенал и Баерн (2:2), на големо се дебатира за судењето. И двете екипи се убедени дека се украдени со по еден чист пенал.

Пеп е ретко ингениозен ум кој егзистира во светскиот фудбал

Актуелниот европски првак на Сантијаго Бернабеу имаше 60% посед на топка, 711 додавања наспроти 441 на Реал, 656 точни додавања наспроти 392, 125 напади наспроти 70, 118 истрчани км наспроти 113.

Забележавте ли кој и на каков начин ја почна акцијата за вториот гол на Баерн?

„Пеп Гвардиола не го гледа голманот како голман, туку како 11-ти играч на теренот. Навистина уживам во тоа“, ќе каже Мануел Ноер, најнепредвидливиот голман со топка, кој ужива да игра со нејзе. Погледнете го ова додавање од почна акцијата кога Баерн го сврте мечот на 1:2.

Кевин де Брујн си ќари дрес на докторот

Еден од најдобрите играчи во среден ред побара дрес од еден од најдобрите играчи во среден ред. Кевин тежи 20 трофеи од кои 15 со Сити, Лука има 30 од кои 24 со Реал. Шест години е помал и многу добро свесен за тоа од каква играчина бара дрес.

Спектакл на Реал и Сити, 10 гола на два меча во Лига на шампиони

Првите натпревари од четвртфиналето на Лига на шампиони донесоа неверојатни моменти. Во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ Реал и Манчестер Сити ремизираа 3:3 во меч во кој не се знаеше кој од кој е поубав гол. Во Лондон Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2 а гол на „топџиите“ повторно им даде Хари Кејн кој беше исвиркан во северен Лондон зашто беше капитен на Тотенхем.

Животот и кариерата на легендарниот Паоло Роси го имаме на тацна претставен во Скопје

По големиот успех во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, изложбата со наслов „Паоло Роси -  златното момче и легендите на фудбалот“, пристигна и кај нас. Да одите.

Како одговараа најголемите фудбалски ѕвезди на прашањето Меси или Роналдо?

Практично сите гласааат за светскиот шампион од 2022 со Аргентина. Барем оние анкетираните меѓу кои се Мбапе, Халанд, Де Брујне, Азар, Дејвис, Деклан Рајс, Винисиус и др.

Марадона за Барези, облечен во негов дрес

Легендарни 15 секунди со фудбалската икона Диего Марадона во дрес од Франко Барези после натпревар меѓу Милан и Наполи, одигран во 1989-та, година во која Милан освои Куп на Европски шампиони, а Наполи Куп на УЕФА.

Така во двор со децата можеш да шутираш пенали

И со пеналите се претера. Едни се обидуваат со краток залет, други трчкаат како манекени пред да го изведат, трети му ја подаваат на голманот како на тренинг. Поради аматерскиот удар на 21 годишниот напаѓач на Расинг Сантандер, Жерар Фернандез Кастелано познато Пеке, неговите загубија дома 0:1 од Алкоркон и тоа со три црвени картони им ги собраа бодовите.

Онана користел вазелин за ракавиците

Репрезентативниот голман на Нигерија Андре Онана за време на најголемото англиско дерби Манчестер Јунајтед - Ливерпул 2:2 бил уловен од камерите како става вазелин на ракавиците. Ништо нелегитимно, не е забрането, а бивши голмани имаат објаснување зошто се турало.

А билијар голот на Лазар Самарџиќ со Интер?

Интер со пресврт го преброди гостувањето кај Удинезе. Домашните поведоа први во 40’ минута преку еден необичен гол на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ. Интер израмни од пенал преку Чаланоглу во 55-та минута а Давиде Фратези во длабоко судиско продолжение во 90+5’ минута му донесе три бода на Интер кој е се поблизу до скудето.

Најголеми утки на сезоната во МЛС

Во американската МЛС лига, како и во секоја друга лига има неверојатни промашени зицери. Три се издвојуваат како најголеми.