Фудбал

Зошто за фудбалери викаат дека не ги краси интелегенција?

Томазо Побега е фудбалер на Болоња позајмен од Милан. Болоња играше во неделата вечер против Лацио на гости на „Олимпико“. Во 23-та минута при резултат 0-0, Побега добива глуп жолт картон, непотребен. Во 35-та минута не на своја половина, не на средина од терен, не во свој шеснаесетник, туку далеку во полето на Лацио го прави најглупиот фаул во историјата на фаулите со две нозе и добива втор жолт и црвен картон. Лацио со играч повеќе ја декласираше Болоња со 3-0.

Машала дриблање Арда Ѓулер, попара ги направи

На 19 години, ретко кој вака си поигрувал со противниците во дрес на Реал Мадрид. Арда Ѓулер ја игра втората сезона на Бернабеу. Лани беше одличен со 12 настапи и 6 гола, а оваа сезона веќе има 13 натпревари. Се чека првиот негов гол. Детево е иднината на Турција и Реал.

Мангупиште

Дечкото се вика Давид Исмаил и игра за Универзитетот Вермонт во САД. Привилегија е барем еднаш во кариера да ти успее вакво нешто во сред игра.

Нова циркуска глума од Винисиус

Реал Мадрид славеше убедлива победа 0:3 на гости кај Леганес. Стрелци на головите беа Килијан Мбапе во 43' минута, Федерико Валверде во 66-та минута и Џуд Белингем во 85-та минута. Дваесет и четири годишниот Винисиус Жуниор не постигна гол ама затоа пак се изглупира со непотребна глума.

Миовски распали во Ла Лига со два гола и асистенција

Неполн месец откако ги даде првите два гола во дресот на Жирона во Куп натпревар, Бојан Миовски конечно ја начна мрежата и во шпанското првенство.

Асистенција на Кулушевски во стилот на Меси

Во 12. коло од Премиер лига, дербито меѓу Манчестер Сити и Тотенхем на „Етихад“ го отворија гостите во 12-та минута со гол на Џејмс Медисон. Спарс долго време се тврд орев за Манчестер Сити откако Пеп Гвардиола ги води а асистенцијата за голот на англискиот репрезентативец беше сјајно дело на Дејан Кулушевски.

Првото интервју на Рубен Аморим како тренер на Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед кој на клупата ќе го наследи в.д. тренерот Руд ван Нистелрој за првпат зборувал во опширно интервју и одговарал на сите прашања од легендарниот капитен на тимот, Гери Невил кој веќе неколку години е стручен коментатор.

Апсурдните седишта на Ла Бомбонера од каде не можеш да гледаш фудбал

Атмосферата на натпреварите на Бока Јуниорс е веројатно најјаката на планетава и тоа го докажале со безброј видеа. Но некои места на Ла Бомбонера пет пари не вредат. Го реновираа стадионот неколку пати, но далеку се од конечно решение и од визуелен и од безбедносен аспект. Колку ли плаќаат навивачите за ваквите чудни места?

Извлечени паровите за завршницата на Лига на Нации

На денешната пладневна ждрепка во Нион беа извлечени паровите за завршницата како и за опстанокот во групите во Лига на нации.

Чудни патишта фудбалски

Урош Ѓурѓевиќ има 30 години а има необична кариера. Роден е во Белград, настапува за репрезентациајта на Црна Гора од 2021-ва година. Потекнува од школата на Црвена Звезда а едно време стана најдобар стрелец на Партизан. После играше и во Олимпијакос а најдолго се задржа во шпански Спортинг Хихон. Од летово од јули е во мексикански Атлас.

Левандовски ги имитира Гвардиола и Фергусон

Роберт да ти имал ептен дарба за имитирање. Ги скина Пеп со она негово препознатливо мафтање со рацете и го изнасмеа Рио Фердинанд, посебно за телефонскиот разговор со Сер Алекс Фергусон. Ќе станеле соиграчи на Олд Трафорд во 2012, готова била работата, ама не го пуштале од Дортмунд.

Монтела и Црногорците

Како селектор на Турција, Винченцо Монтела на гостувањето против Црна Гора, се сретна со многу познати фудбалски имиња од оваа земја со кои се познава од Серија А. Со Вучиниќ играа заедно во Рома, а потоа му беше тренер во Фиорентина, исто како и на Стефан Јоветиќ и Стефан Савиќ. Дејо Геније пак го гледал често на Сан Сиро.

Капитен на Бразил дава автограм во телефон

После мечот Бразил - Уругвај во јужно-американските квалификации за Светско првенство 2026, капитенот на кариоките и десен бек на Јувентус, Данило добил многу барања за автограм и фотографии. Еден навивач му пришол да се сликаат, овој му го пишал името Данило во порака како „автограм“.

Халанд во најскандинавска реклама некогаш снимена

Американската компанија Beats за производство на слушалки, основана од познатиот рапер Др. Дре снимила сјајна реклама со најдобриот центарфор на денешницата, Ерлинг Халанд.

Бразилска будалаштина на денот

Се сеќавате ли на Дејверсон? Како ли трпеле ваков циркузант во Португалија, Германија и Шпанија? Додуше не дека за гиганти настапувал, туку за Белененсес, Келн, Леванте, Хетафе, ама сепак. Во Палмеирас се глупираше исто, а сега и во Атлетико Минеиро.

Најмилиот навивач на сезоната

Италијанска навивачка група има мил водач, што знае добро каков ритам да фати.

Дриблинг на Исак од Њукасл кој до сега не е виден во фудбалот

Александер Исак на дуелот Шведска - Азербејџан 6:0, им продаде финта во шеснаесетник каква што не се памети. Со грб бе го издрибла, еј. Осум пати го пуштивме клипов.

Чудна животиња прекина меч во Коста Рика

Уште вакво нешто немавме видено да влета на фудбалски натпревар. Википедија ќе објасни: Опосум - торбарско животно од класата на цицачите. Најчесто се среќаваат во тропски шуми и дождовни шуми. Американскиот опосум кога е во опасност се обидува да ги измами грабливците преправајќи се дека е мртов. Може да лежи неподвижно дури 6 часа.

Некогаш и вакви пенали се шутирале во Англија

Снимката е од пред 40 години од мечот Челси - Манчестер Сити во Милк Купот, денес познат како Карабао Куп или наједноставно Лига Куп. Изведувачот е Пет Невин, а коментаторот е запрепастен и со право ќе го прогласи пеналот за најлош.

Карло ако ова не е доволно, што е?

Турција загуби од Црна Гора 3-1 во меч во кој Арда Ѓулер беше главен адут на Турците. Тој сезонава повеќе игра за репрезентација отколку за клуб. Причините ги знае само Карло Анчелоти. По силен дожд, град и кал на „Градски“ стадион во Никшиќ, Арда покажа умешност со топката.

Браво мали за ролингот на вечерта

Осумнаесет годишниот Лукас Бергвал кој игра за Тотенхем, синоќа на мечот Шведска - Азербејџан изведе еден маестрален ролинг каков што ретко се гледа. Потег на колото во Лига на Нации.

Најлудата машина за голови: Швеѓанецот Виктор Ѓокереш пак даде 4 гола

Шведскиот репрезентативец Виктор Ѓокереш повторно ја залуди фудбалската јавност откако пак даде 4 гола на еден меч. Овојпат на дуелот Шведска - Азербејџан во последното коло од групната фаза на Лига на нации каде Швеѓаните славеа 6-0 (Дејан Кулушевски постигна 2 гола и имаше 1 асистенција).

Соло продор на вечерта, Енер Валенсија против Колумбија

Еквадор забележа огромна победа и освои три златни бода на гостувањето кај Колумбија откако славеше со 0-1 и изби на 3-то место во јужно-американските квалификации за Светско 2026. Лидер на Еквадор е 35-годишниот капитен Енер Валенсија кој во Европа играше за Вест Хем, Евертон и Фенербахче а сега е во бразилски Интернасионал. Погледнете го неговиот злато вреден гол.

Турција декласирана во Црна Гора, хет-трик на Крстовиќ

Во последното коло од групната фаза на Лига на нации, Црна Гора која од клупата ја води легендарниот Роберт Просинечки, ја растури Турција со 3:1. Јунак на мечот беше центарфорот на Лече, Никола Крстовиќ кој постигна хет-трик со три прекрасни гола. Единствениот погодок за Турците го даде Кенан Јилдиз. Натпреварот се играше на стадионот во Никшиќ каде поради обилни дождови теренот беше каллив.