Академијата на ФФМ во бедно издание

Фудбалската федерација на Македонија објави видео од моменталната состојба во која се наоѓа нивната академија. Ја затекнале во мизерна состојба од претходното раководство. Како да е напуштена земјоделска задруга, а не куќа на фудбалот, која треба да служи како пример и извор за пронаоѓање и негување на таленти.

„Вистината е важна.

Погледнете ја затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност.

Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат.

Наскоро... промените ќе зборуваат сами за себе“, стои во реакцијата на ФФМ на Фејсбук.

22 јануари 2025 - 12:37