Фудбал

Има ли голман што може да го одбрани лудиов проектил на Рајо?

Рајо Ваљекано со пресврт ја доби Осасуна (3:1) и сигурно си обезбеди место во листата на најатрактивни погодоци за оваа сезона во Ла Лига. Абдул Мумин испука екстремно силен проектил и тоа од тежок агол.

Чек да видиш какви голмани имало порано

Денес апсолутно заслужено голманите се заштитени како бели мечки па во нивниот простор, во петерецот не смее глас да се слушне. Ама не било така и порано. Им влегувале во дуели со лактови, со тупаници, со колена, а влегувале и тие на противниците.

Надреално промашување во Англија

Клупскиот фудбал е на самиот почеток и веќе ја имаме утката број 1 за оваа сезона, која тешко дека некој може да ја надмине за скоро. Необјасниво непрецизната завршница е дело на Ебу Адамс од Гамбија на мечот Дерби Каунти - Кардиф Сити. Среќа барем што неговите победија.

Админот на Зенит откачуваше во времето на Хулк

Хулк е тоа, не чудете се. Разни реклами има со неговата „супер моќ“.

Пикот на Лига на шампиони беше во 90-те

Стартува неделава новата сезона во ЛШ, со новиот чуден концепт. Место 6, ќе има 8 кола во првата фаза од кои последните две ќе се играат во јануари. Во прво коло ќе се игра и во четврток. И кога сме кај темава, погледнете на какво опасно ретро налетавме. Составите од финалето во 95-та меѓу Ајакс и Милан (1:0). Да не знаеш кој е пострашен.

Личи ли ова на македонско фудбалско дерби?

Шкупи викендов ја пречека Шкендија во рамките од 5. коло во македонска прва лига. Но овде не гледаме ништо македонско, ниту во најавата, ниту на билетите, ниту кај конечниот резултат. Туку само национализам пуштен на најјако. Дали ова значи дека кога ќе играат на пример Вардар и Пелистер, картите треба да се продаваат со ликовите на Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Никола Карев?

Како Штутгарт се спрема за Лига на шампиони после 15 години?

Германски Штутгарт едно време беше редовен учесник на еврокуповите, но откако западна во резултатска и управувачка криза, популарните „шваби“ цели 15 години не видоа Лига на шампиони. Сега конечно се дел од елитното друштво, од кремот, па спремија и едно видео за таа прилика. Со маскотата Фрицл.

Се распаѓа ли проектот Сити? Почнува истрага за 115 пријави против клубот од Манчестер

Она што веќе неколку месеци се најавува, конечно ќе започне: процес на сослушување за неправилности во фер-плејот. Поднесени се 115 пријави против Манчестер Сити за финансиски неправилности. Сослушувањето ќе трае отприлика 10 недели а сега е неизвесна и иднината на клубот која е под прашање.

Меч на репрезентацијата на Бразил доцнел поради крај на една многу гледана серија

Натпреварот од квалификациите за Светско првенство 2026 меѓу Бразил и Еквадор (1:0) одигран пред неколку дена, започнал со 20 минути подоцна од планираното поради тоа што во земјата завршувала најгледаната серија.

Барса везе

Каталонскиот тим бележи супер старт сезонава и има 5 од 5 со убедлив напад од 17 постигнати гола, за разлика од Реал и Атлетико кои имаа по 4 бода и по 8 постигнати голови помалку. На последните два меча на Реал Ваљадоил дома му дадоа 7, а на Жирона викендов на гости 4. Погледнете ги какви акции прават.

Лоб на колото, ремек дело

Тимот на Го Ахед Иглс во холандското првенство со 1-2 ја совладал Спарта Ротердам. Стрелец на победничкиот гол бил Виктор Едвардсен во 53’ минута кога решил со лоб да го матира домашниот голман.

Има ли цена настапот за македонска репрезентација?

Уште одамна низ чаршијата имаше муабети дека кај одредени селектори, постоеше опција да платиш по неколку илјади евра, за да добиеш место во националниот тим. На тоа незгодно прашање одговор дава Боби Милевски.

Врвен кам бек на Меси со два гола за пресврт и асистенција

15 гола и 15 асистенции на 19 натпревари. На никој во историјата на МЛС му нема успеано ова.

Нигериецот кој влегол во игра без знаење на тренерот и го дотолчил Тотенхем

Имавме јутјубер кој упадна на терен во дрес на Англија, па потсетивме на една слична поуспешна епизода на одбојкарски натпревар. А сте чуле ли до сега фудбалер сам да си влезе во игра?

Луда компилација од Бундеслига со голови во судиско

Збирот е многу јак со ретро натпревари од изминативе години, кои го креваат адреналинот до даска, бидејќи се решаваат во самиот финиш. Го има Левандовски во Баерн, Јовиќ во Ајнтрахт Франкфурт и се разбира клипов не може да помине без Баер Леверкузен.

Влаховиќ во слободно време

Ама нешто не му излезе на крај есапот како што очекуваше.

Роналдо прв во светот до рекордни милијарда следбеници

Само што го прослави голот број 900 во кариерата, Кристијано Роналдо со мега популарноста во светски рамки стигна до фасцинантни бројки и на социјалните мрежи.

Женска мајсторија на која и машки фудбалери би позавиделе

Во осминафинале на Светско првенство во фудбал за жени до 20 години, Германија У-20 со 5-1 ја совладала Аргентина У-20. Два гола дала Софија Нахтигал која постигнала и еврогол од слободен удар. Права мајсторија.

Единствени легионери од своите земји во историјата на шпанска Ла Лига

Во најдобрата шпанска лига играле фудбалери речиси од целиот свет. Има земји кои дале по еден единствен легионер во Примера. Македонци кои играа или играат таму се:

Тиери Анри: „Го презаситивте фудбалот, календарот е преполн“

Некогашниот најдобар центарфор на светот и голема ѕвезда на Арсенал и Барселона, Тиери Анри го критикувал фудбалскиот распоред и вели како има премногу натпревари.

Најлудата исповед од славење (со) трофеј ја има Даниеле Адани

Го паметиме како стопер на Интер, Фиорентина и Бреша, а има и 5 настапи за Италија. Ама не знаевме дека е до толку откачен лик. Споделува нешто, што веројатно никој друг фудбалер и општо спортист, нема споделено во јавност.

Делофеу на тренинг изведе генијален потег

Поранешниот фудбалер на Барселона и Милан постигна гол со чуден лоб на тренингот на Удинезе, кој посакуваме да можевме да го видиме и од друга камера од близу.

Што би рекле битолчани, Пеп нејќе телефон на гибање

Иако овој став повеќе личи за тренери од генерацијата на Џовани Трапатони, сепак модерниот стратег кој направи револуција во фудбалот, телефоните не ги сфаќа така како што мислите.

Што добивате со ВИП карта од 25 евра на Градски?

Македонија - Ерменија од аголот на странски навивач. Лајк за химната и голчиштето на Барди, дислајк за медицинската соба. Ни го должи описот на храната. Не ќе да е шетано многу батево штом ова му е едно од најубавите искуства.