Фудбал

Планот на Манчини за новиот Интер

По лошата сезона, тренерот на Интер бара од претседателот Тохир да му бидат обезбедени нови играчи: дефанзивец, играч од средина и напаѓач од врвна класа кој ќе му биде поддршка на Икарди.

Фудбал на 3.000 метри височина и чај од кока

Со ремито против Мексико и триумфот против Еквадор, фудбалската репрезентација на Боливија е на чекор од четвртфиналето во Копа Америка. Пред неколку години, ФИФА им забрани да играат во Ла Паз поради надморската височина, но ги спаси Ево Моралес.

Бомба на српски младинец која ќе влезеше во шпиците

Србите се камења во квалификациите за ЕП со еден бод, ама затоа имаат младина која се избори за сензационално финале на Светското првенство за играчи до 20 години каде ќе играат против Бразил. Во полуфинале ја совладаа селекцијата на Мали со 2:1. Малин Гајиќ за малку не влезе во конкуренција во изборот за еден од најубавите голови на младинските Мундијали. 

Плагијат на Јуве од шпански четвртолигаш

Шпанскиот четвртолигаш Бадахоз открил дека клубот од Торино во целост им ја украл идејата за кампањата за продажба на сезонски влезници. Ќе им простат само ако одиграат пријателска средба.

Меси и Ди Марија не го исмејувале селекторот

Дека Меси не е “светец“ во однесувањето, напишавме вчера кога не сакаше да прими награда и заедно со Ди Марија се мајтапеа на сметка на Тата Мартино. Се појави нова снимка од соблекувалната на Аргентина на која се гледа дека тие уствари се смееле на сметка на Агуеро кој вели дека резултатот не е лесен. Меси и Ди Марија на тоа се кикотеа како деца, а Парагвај во второ полувреме израмни на 2:2.

Никола Јакимовски е нов Македонец во Серија А

Левиот бек ги одби понудите на Клуж, Трабзонспор и Варезе и се реши да замине во тимот во кој колега ќе му биде Горан Пандев.

Смислата за бизнис на Адријано Галијани

Во 2013. година го продаде Кевин Принц Боатенг во Шалке за 10 милиони евра, а сега би можел да го врати во Милан бесплатно. Тоа го може само Адријано Галијани.

Човекот што го откри бисерот од Фуншал

Аурелио да Силва Переира ќе остане запаметен во фудбалската историја како човек чие шесто сетило го најде дијамантот од местото Фуншал на островот Мадеира.

Михајловиќ се спрема за чистка, има 9 напаѓачи

По Болоња, Катанија, Фиорентина и Сампдорија, српскиот стратег денеска на Сан Сиро ја почнува петтата тренерска авантура во Италија. Медиумите на чизмата пишуваат дека во тренинг центарот на Милан стигнал како премиер со три коли. Договорот му е на две години.

Дуелот на Меси и Роналдо продолжува

Сезоната за Роналдо заврши, но не и за Меси кој има шанса да биде подобар стрелец од Португалецот. Роналдо ја заврши сезоната со хет – трик против Ерменија, донесувајќи и ја на Португалија најбитната победа со која се многу блиску до ЕП следното лето.

Како Роберто Карлос им отвори работа на физичарите?

Голот на Роберто Карлос против Франција во 1997. година и натаму е предмет на расправа меѓу физичарите. Ерец Гарти од ТЕД-ед преку физиката го објаснува летот на топката по шутот на левиот бек.

Меси не сака да биде играч на мечот кога не победува

Напаѓачот на Барселона не беше расположен да ја прими наградата за најдобар поединец на натпреварот по ремито против Парагвај.

Како кучето мое нигде нема друго

Играта „да не падне на земја“ е омилена меѓу сите генерации и се игра на сите игралишта, но чудно е кога ја игра куче и тоа одлично.

Лежи лебу, Капело да те јаде

По некои пратеници во руската Дума, сега и навивачите на Русија бараат Фабио Капело да си поднесе оставка, особено после поразот од Австрија 0-1 на домашен терен во неделата. Решени се да собираат пари за да се раскине договорот со Италијанецот.

Додека летал за Словенија Вилшер се мотивирал од Гаскоњ

Фудбалерот на Арсенал ја прекина својата интернационална „суша” на натпреварот против Словенија, а за двата гола се инспирирал од последниот документарен филм за поранешната англиска легенда Пол Гаскоњ.

Меси и Ди Марија во епизодата кој последен се смее

Камерите понекогаш успеваат да снимат нешто за што играчите немаат претстава дека се слуша. Во таква ситуација се случува да дојде до неприлика, каква што направија Меси и Ди Марија кои му се потсмеваа на селекторот Херардо Мартино.

Марио Баслер сфати што значи петта лига

За време на дуелот од петтата германска лига меѓу Локомотиве Лајпциг и Рот-Вајс Ерфурт 50 навивачи влегле на терен и ги нападнале фудбалерите. Меѓу повредените и легендарниот играч на Баерн Минхен, Марио Баслер.

Изгледа коментаторов ќе опцуе

Хрватски коментатор ја коментира Удинезе - Сампдорија, меч од Серија А од пред неколку сезони. Денис напаѓа и промашува, а со него промашува и коментаторот.

Рома го претстави новиот Колосеум

Делегација на Рома утрово му го доставила проектот за новиот стадион на градоначалникот на Рим, Игнацио Марино кој изјави дека стадионот е од јавен интерес за цела Италија. Според Тоти тоа ќе биде модерен Колосеум и најубав стадион во Италија.

Рома го претстави новиот Колосеум

Делегацијата на Рома му го доставила проектот за новиот стадион на градоначалникот на Рома. Според Тоти тоа ќе биде модерен Колосеум и најубав стадион во Италија.

Блатер се предомислува да остане

Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер го изненади светот со одлуката ненадејно да се повлече од својата функција овој месец. Сега пак изненадува затоа што се предомислува да остане претседател.

Нереалниот Нејмар против Перу

Еден гол даде, еден намести и со 23 години стана најмладиот капитен во историјата на Копа Америка. Нејмар синоќа беше најзаслужен за триумфот на Бразил над Перу од 2:1 и го постигна 44. гол за репрезентацијата што на 23 години не му тргнало од рака ниту на Пеле.