Фудбал

Суарез најави крај за Уругвај и се расплака на прес-конференција

Триесет и седум годишниот Луис Суарез најави дека ќе се повлече од репрезентацијата. На прес-конференција, „Ел пистолеро“ се расплака и кажа дека натпреварот против Парагвај од квалификациите за Светско првенство 2026 кој се игра во петок во Монтевидео на стадионот „Сентенарио“ ќе биде негов последен во небесно-синиот дрес на Уругвај.

Играч на Нирнберг истепан зошто носел дрес од Баерн Минхен

Пред неколку дена фудбалерот Никлас Зомер објавил едно видео на кое зборува облечен во дрес на Баерн Минхен и ја нарушил својата репутација кај навивачите на Нирнберг, клуб за кој игра и кој го плаќа.

Осимен манија во Истанбул

Во Турција дефинитивно поинаку се доживува фудбалот. Во 3 по полноќ го чекаа новото засилување, меѓу нив и деца.

Бербатов со поздрав од морето

Најдобриот бугарски фудбалер после Христо Стоичков, Димитар Бербатов и на одмор знае да покаже што правеше на времето додека беше активен фудбалер.

Вардаровите легенди го отворија турнирот „Сокол“

Поранешните фудбалери на Вардар кои со голем успех го носеа црвено-црниот дрес, и официјално го отворија меморијалниот турнир „Оливер Соколов - Сокол“. Годинешново издание е јубилејно 20-то, наградниот фонд е рекорден, а пријавени се екипи од целата земја кои ќе демонстрираат вештини во мал фудбал.

Ф-е-н-о-м-е-н-а-л-н-о

Триесет и шест годишниот Ивор Вајцер кој игра за НК Опатија во втората хрватска лига, го постигна најубавиот гол досега сезонава во хрватскиот фудбал. На мечот против Рудеш додека неговиот тим играл со играч помалку, Вајцер му одзел една топка на противничкиот фудбалер Пасаричек и постигнал еврогол од пола терен во 68’ минута.

Нема поголема радост од голмански гол во последен момент

Некогашниот гигант Бордо како што е познато, веќе некое време поминуваше низ крајно драматична криза па летово француската фудбалска федерација поради долгови и стечај го исфрли овој клуб во четврта аматерска лига. Таму Бордо после 1 одигран натпревар има 1 бод кој им го донесе 23-годишниот голман Ласана Дијабате со ефектен гол со глава во длабоко судиско продолжение.

Каземиро, време е

Триесет и две годишниот Бразилец кој 9 сезони беше член на Реал Мадрид со кого освои дури 5 пехари во Лига на шампиони, 3 шампионски титули во Ла Лига, веќе извесно време не е тоа што беше. Навивачите на Манчестер Јунајтед за дебаклот од Ливерпул 0:3 на „Олд Трафорд“ со прст покажуваат во него. Има и зошто.

Ван Дајк до Лисандро: „Дојди кај мене пробај така“

Ливерпул уште еднаш, по којзнае кој пат во последниве сезони го разби Манчестер Јунајтед. Славеа црвените убедливо 0:3 на „Олд Трафорд“ со двата гола на Луис Дијаз и еден на Мохамед Салах. Фрустрацијата на фудбалерите на Манчестер се рефлектираше преку прекршокот на Лисандро Мартинез кој го покоси Собослаи. Ван Дајк имаше што да му каже.

Е па Џеси, сам си го бараше

Некогашното дете на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард кој за овој клуб одигра 149 натпревари и постигна 20 гола од февруари годинава е во корејскиот клуб Сеул. Лингард сега објави едно видео како учи корејски од неговите соиграчи. И ги прашува како на корејски да каже „Ти“? Му кажуваат и за ти ама и за вие.

Мбапе почна да дава голови и го смири Реал Мадрид

Реал Мадрид по неубедливото реми со Лас Палмас (1:1), синоќа со 2:0 го совлада Бетис на свој терен и освои 3 бода. Најголемата ѕвезда на преодниот рок Килијан Мбапе конечно ја затресе мрежата во Ла Лига после 4 кола. Французинот даде 2 погодоци, прво во 67-ма минута на страшна асистенција на Валверде, а после од пенал во 75-та минута.

Видеото на УЕФА со Ибрахимовиќ, Чеферин, Буфон, Фиго кое сите го пофалија

Се извлекоа паровите за новата сезона во Лига на шампиони која ќе биде во нов формат. Системот со оглед на тоа што е нов, беше поприлично нејасен и збунувачки за многумина, па УЕФА на сметка на тоа направила врвен краткометражен филм со големите фудбалски ѕвезди.

А кога сме веќе кај Барнсли - Манчестер Јунајтед

На ждрепката за Карабао Лига Купот на Англија, Манчестер Јунајтед го доби за противник Барнсли. Тој меч ќе се игра на 17-ти септември. Овие два тима во минатото се сретнале неколку пати, а се памети еден јак упат на двајца бандити на сред терен против тимот кој го водеше големиот Сер Алекс Фергусон.

Колку беше лесно да се игра со овој човек

Кога го гледаш на теренот него и неговите соиграчи, мислиш дека фудбалот е наједноставна, најпроста работа на светот. Карим Бензема (36) веќе подолго време е далеку од најсилниот европски фудбал каде со години ја потврдуваше својата класа.

Супер интересна ждрепка и за новата Лига Европа: Мурињо против Јунајтед, Рома на Тотнем

По синоќешната ждрепка за Лига шампиони на која беше претставен новиот формат, исто во ново издание ќе се играат и Лига Европа и Лига Конференции. Гигантите како Рома, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем ги добија своите ривали.

Се отвора ли војна меѓу американската и светската анти-допинг агенција?

Запрепастувачки тивко мина веста дека американската анти-допинг агенција (USADA) ги криела информациите од Светската антидопинг агенција (WADA), вест која се појави на почетокот на август и остана без сериозен одек.

Челси изгуби од Сервет, толку е веста

Само благодарение на триумфот од 2:0 од првиот дуел од баражот за Лига Конференции, Челси влегува во групна фаза. Клубот кој потроши буквално 1,5 милијарди евра на засилувања во претходните неколку години, синоќа изгуби 2-1 од швајцарски Сервет кој во швајцарската лига е седмо место на табела. Што стана од некогашниот Челси кој беше страв и трепет во светски размери?

Лудак на вечерта: шутираше решавачки пенал без гледање

Швајцарски Сент Гален одигра 1:1 во реваншот од Лига Конференции со турски Трабзонспор на гости во Турција. Првиот натпревар заврши 0:0 па според правилникот мечот отиде во продолженија па кога не се реши ни таму, се премина на пенали. Гостите победија на пенали откако решавачкиот пенал лудо храбро го изведе 25-годишниот стопер Стефан Амбросиус за лудо славје на навивачите и соиграчите.

Реакцијата на газдата на ПСЖ за новиот формат во Лига на шампиони

Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ беше еден од многумината кој бледо го гледаа извлекувањето на ждрепка за новата сезона во Лига на шампиони, во нов формат. Ко да полага за пилот.

Бидна и таа фамозна, нова, чудна ждрепка за Лига на шампиони

Вечерва во Монако во седиштето на УЕФА се извлече ждрепка за новата сезона од Лига на шампиони, елитниот турнир кој во новото издание ќе се игра во целосно нов формат. Нема веќе групна фаза.

Од време на Марадона немало ваков пречек во Неапол

Доаѓа Скот Мектоминеј од Манчестер Јунајтед. Пристоен, сосема коректен играч. Наполи за него плаќа сума меѓу 25 и 30 милиони евра. Денес го пречекале навивачи во градот ко да е светска ѕвезда.

Словенецот од Ѕвезда го сака Динамо во Лига на шампиони

Дваесет и шест годишниот Словенец Тими Макс Елшник веќе ги освои навивачите на Црвена Звезда. Тој во рок од само неколку недели настапи на Европско првенство за својата Словенија каде блескаше, потоа потпиша со Црвена Звезда со која синоќа влезе во Лига на шампиони. Огромен успех во само краток временски период. На новинарско прашање кого би сакал на ждрепката вечерва, тој вели:

Кристијано Роналдо: „Моите голови за разлика од тие на Пеле, Еузебио...“

Во лаф муабет, некогашните соиграчи од Манчестер Јунајтед кои беа ударни тупаници на четата на Сер Алекс Фергусон, зборуваат на разни теми. Роналдо надмено вели: „Имам скоро 900 гола, цел ми е да постигнам 1.000. Со тоа што од моите голови за разлика од некои други има видеа“. „Копиле си“, му одговара Рио во смеа.

Најјакиот твит со кој Сервет го зафркава Челси

Во баражот за Лига Конференции, Челси вечерва му гостува на швајцарски Сервет. Првиот натпревар во Лондон Челси го доби 2-0. Пред мечот на Твитер, Челси на својот налог објави „Сервет доаѓаме“, а Швајцарците им одговорија шмекерски.