Знамето, твитерот и картите за Лестер

Славјето во домот на Варди откако во понеделникот лондонското дерби заврши без победник, беше само вовед во славјето кое допрва ќе следи во редовите на Лестер кој го има најшеруваниот твит во историјата на спортот.

За претпоследното коло во Премиер лигата и последен меч на Лестер оваа сезона пред своите навивачи се спрема знаме за кое не се открива сè. Се знае само дека се спремало 17 часа, текстот на него се печател 26 часа, а скроено е со 17 милиони конци и е многу големо.

Кинг Пауер има капацитет од 32.262 седишта и секој што ќе присуствува на мечот против Евертон од клубот ќе добие гратис пица и пиво, нешто што и се практикуваше неколку пати во текот на сезоната.

Картите за мечот Лестер – Евртон се движат по цена од 30 до 50 евра, но има и сајтови каде се препродаваат по безобразни цени и до 8.000 фунти.

Со титулата на Лестер се зголеми популарноста на клубот и играчите, како и нивната вредност, но драстично пораснаа и бројките на нивниот профил на Твитер. Со над 400.000 ретвитови за неполни три дена, твитот кога официјално станаа шампиони е најсподелуваниот спортски твит во историјата и 17-ти воопшто на сите теми.

Клаудио Раниери е осмиот тренер кој ја освоил Премиер лигата.

Дресовите за следната сезона се веќе во продажба, а пред фан шопот има редици со навивачи.

Пред мечот против Евертон настап ќе има Андреа Бочели кој ќе дојде на покана на Раниери.

Ова не е сè. Најголемото славје ќе се случи на 16 мај ден по последното коло во Премиер лигата во кое Лестер му гостува на Челси. Клубот со отворен автобус ќе прави тура низ град. Целата програма ја имате тука.

6 мај 2016 - 17:24