Бока Јуниорс го елиминираше Атлетико Минеиро на пенали во осминафиналето од Копа Либертадорес во меч кој се претвори во војна.
На Аргентинците им беше поништен гол со ВАР, па по завршувањето на средбата настана хаос. Фудбалерите на Бока се правдата ја бараа преку боксови и почнаа да се тепаат со кој стигнат: противници, управа, редари, полиција.
Јасно дека се работи за најелитното клупско натпреварување и елиминацијата од бразилски ривал е голем удар, но ова што го направија фудбалерите на аргентинскиот гигант е срамно, бидејќи реагираа како хулигани.
Се почна оваа судиска одлука во 63-та минута по која со помош на ВАР беше донесена одлука дека при постигнувањето на голот на Бока има минимален офсајд.
Мечот заврши 0:0, а Бока потоа загуби 3:1 на пенали. Но во соблекувалната имаше ново продолжение полно со насилство. Во микс зоната се делеа тупаници, клоци, летаа шишиња, овошје, огради, а беше фрлен и солзавец.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо е фатен на камера како го вади апаратот за гаснење пожар и како му мава бокс на член од стручниот штаб на бразилскиот тим. Осум играчи на Бока Јуниорс биле приведени во полиција.
Поништениот гол на Бока
CHAOS!
— MedioClubID (@medioclubID) July 21, 2021
Keributan terjadi dalam laga babak 16 besar Copa Libertadores antara Atl Miniero kontra Boca Juniors pagi tadi. Berawal dari gol Boca Juniors yg dianulir setelah VAR check, keributan berlanjut ke ruang ganti. [@tigosports_cr] #CopaLibertadores pic.twitter.com/BMr4bbxHV1
Боксот на Рохо
Вадењето на апаратот
Групната тепачка
Фудбалските емоции останаа во втор план