Легендарниот француски стратег по 22 години стаж оваа сезона не е повеќе тренер на Арсенал. По неговото заминување имаше многу што да каже за долгиот престој во таборот на Топџиите, а на задоволство на навивачите проговори и за проблемот за кој редовно му пукаа сеир.
Оние кои не знаат за што зборуваме, тоа се долгите јакни на Венгер кои му беа под колена и кои често не можеше да ги закопча од прва. Стално запнуваше со тоа патентот.
На навивачите тоа им беше многу забавно, а Венгер како прав господин се пошегува и си одговори искрено, па дур и кажа дека чувствувал притисок од навивачите додека се мачел да се закопча.
„Точно е дека имав многу проблеми со тоа, но потоа се поправив. Тие јакни и капути едноставно беа предолги и патентот често не работеше. Многу се мачев со тоа, а на крај станав свесен дека сите ме гледаат и бев под голем притисок секогаш кога се обидував да го повлечам патентот“, призна Венгер.
Колку само слики, гифови и видеа се појавија од тие моменти.
Arsene Wenger can figure out how to zip up his jacket #ThingsYouCanDoDuringPogbasPenaltyRunUp pic.twitter.com/gqaaRdRWSJ
— Aneeque (@aneeque_baqai) October 30, 2018
Arsene Wenger on his zip troubles: "They are too long and sometimes the zip didn’t work. I struggled a lot with that. But, in the end, because people were showing it I was conscious that I was under scrutiny when doing it!" 😂pic.twitter.com/6m4bul1gIZ
— IDontLikeSpurs (@IDontLikeSpurs) November 18, 2018