Виљар, кој во 2015-та беше присутен и во Скопје на квалификацискиот меч за Европското 2016 против Шпанија, утринава бил приведен на информативен разговор поради основан сомнеж дека проневерил пари, пренесуваат El Pais и ЕFE.
Анхел Марија Виљар на времето бил шпански репрезентативец а фудбалскиот сојуз на оваа исклучително успешна фудбалска земја го води уште од 1988 година! 67-годишниот Виљар 11 месеци беше и прв човек на УЕФА откако Мишел Платини беше суспендиран од ФИФА поради поврзаност со корупција. Во мај доби уште еден мандат да ја води фудбалската влада.
Врховниот Суд на Шпанија се огласил преку соопштение дека еден од главните истражители кои ја воделе целата акција бил нивен претставник.
Во време на мандатите на Виљар како прв човек на Шпанската фудбалска федерација, Шпанците освоија две Европски првенства како и Светското првенство 2010 и станаа доминантна фудбалска сила.
Во претходните 29 години Виљар е постојан член во управувачкото тело на ФИФА, а долги години е и потпретседател на УЕФА.