Група Д
Уругвај - Англија 2:1
Суарез 39` 85` - Руни 75`
Кам бекот на Луис Суарез кој поради повреда не настапи на првиот меч против Коста Рика се покажа како клучен фактор за победата на Уругвај над Англија, која сега остана само со теоретски и минимални шанси за осминафиналето.
На асистенција на Кавани во 39 минута, Суарез мајсторски реагираше со глава во шеснаесетникот. Во 75 минута Вејн Руни го врати „Гордиот Албион“ во живот, а момент на мечот беше грешката на Стивен Џерард на пет минути до крајот по која неговиот клупски колега го реши мечот и го шокираше составот на Рој Хоџсон.
Група Ц
Колумбија - Брегот на Слоновата Коска 2:1
Родригез 64` Кинетеро 70` - Жервињо 73`
Во групата Ц фудбалерите на Колумбија стигнаа до вториот триумф и обезбедија пласман во нокаут фазата. Родригез и Кинтеро за шест минути му го донесоа триумфот на својот тим, а фудбалерот на Рома Жервињо со одличен пробив успеа само да го ублажи поразот.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска Сереј Дие емотивно го доживеа интонирањето на химната пред натпреварот со Колумбија поради смртта на неговиот татко кој ненадејно почина неколку часа пред натпреварот.