Славниот бразилски бек кој везе и на 36 години e роден во фарма и уште на 7 години почнал да работи со татко му на нива за да може да се издржуваат. Патувал секој ден по 20 км само за да тренира и да стигне до остварување на својот сон.
Неодамна го посети теренот каде почнал. Цел е со земја, нема еден сантим трева. Почна од калови, но стигна до Камп Ноу, Паркот на Принцовите, Јувентус стадиум.
Неодамна го посети теренот каде почнал на 13 години заедно со уште 100 деца. На почеток се соочил со два проблеми. Му украле облека и многу му недостигнале родителите.
Но без разлика на тешкотиите, си ветил едно нешто, а тоа е дека нема да се врати во фармата се додека својот татко не го направи горд.
Во 2015-та татко му бил во Берлин каде го гледал како ја освојува Лигата на шампионите со Барса против Јуве, трет пат во кариерата. По мечот имал можност да го подигне ценетиот пехар заедно со син му на кој му рекол: Синко, сега стана човек.
Тоа е најјакиот момент во животот на Дани Алвеш. Детето кое спиело на бетонски кревет, сега е број 1 на планетата по бројот на трофеи, вкупно 39.
Еден апдејт. Од летово се 40, бидејќи освои Копа Америка.
Погледнете како го пречекаа летово во Сао Паоло