Стар волк е тој

Жозе Мурињо летово стана тренер на Фенербахче. Ги доби саканите засилувања и сезоната му тргна добро. Освен тешкиот и болен пораз од најлутиот ривал Галатасарај 3-1. На табела во Турција после 6 кола Галата е прв со 18 бода а Фенербахче втор со 13. Има уште многу да се игра. Знае и Мурињо за тоа. Новинарите го прашале што е тоа „ефект Мурињо“?

Фото: Epaimages

„Ефект Мурињо се трофеи. Пехари. Не може да ги освоиме во септември. Нема што да се освои во септември. Во секој клуб каде што бев освоив пехари. Освен во Тотенхем каде ме отпушија два дена пред финале на Куп. Но во секој друг клуб ефектот беа титули“.

28 септември 2024 - 07:44