Почна од Борово во родниот Вуковар во 86-та, а се пензионираше во Интер во 2006-та. Кариера за почит и за паметење со големи успеси и трофеи. Беше малку заебан карактер и кавгаџија, па и валкан, а тоа најдобро го знае Адријан Муту кога го плукна во коса во ЛШ.
Но дводецениската кариера така јако ја скоцка, што нема причина зошто да жали, особено што имаше чест да се радува на европска титула со Црвена Ѕвезда на само 22 години во друштво на таа славна југословенска банда.
Најголемиот белег кој го остави повеќе од сигурно е онаа уникатна способност за изведување за слободни удари, особено во Лацио каде постигна 20 голови. Со Алесандро Неста беа задолжени да ја командуваат одбраната, но кога Лацио ќе добиеше слободен удар во опасна зона се знаеше кој се мести.
Таму и постигна најмногу трофеи, вкупно 7 во периодот од 1998-ма до 2004-та година. Скудето, по два пати Куп и Супер Куп на Италија, потоа Супер Куп на Европа и Куп на Куповите на победниците.
Најлудиот меч во неговата кариера е оној на 13 декември 1998-ма кога Лацио ја совлада Сампдорија со 5:2, а Михајловиќ го торпедираше голманот од слободен удар три пати. Другите два гола ги постигнаа Станковиќ и Салас.
Југословенската легенда постигна 28 голови од слободен удар во Серија А, рекорд кој го израмни Пирло во Јуве, а ова се тие три против Сампдорија. Гаќи им се тресеа на голманите.
Сега па он се тресе што зет ќе му дојде дома