Србија ни бега, Хрватска цели кон СП

Освен дуелот помеѓу Македонија и Белгија, синоќа се одиграа уште два други натпревари од нашата квалификациска група за Светското првенство во Бразил на кои репрезентациите на Хрватска и Србија беа поуспешни од нивните противници од Британија.

Репрезентацијата на Хрватска ја продолжи мртвата трка со Белгија во борбата за првата позиција во квалификациската група А. Хрватите до трите поени стигнаа со пресврт во вториот дел откако Велс по првото полувреме водеше со голот на Белј од белата точка.

Пресвртот го најави Ловрен кој израмни со еврогол во 77-та минута, а конечните 1:2 ги постави Едуардо на 3 минути до крајот на натпреварот.

Шкотланѓаните најпрвин им го исчистија теренот на Србите, а потоа и им ги подарија поените во Нови Сад.

Србија целосно ја надигра Шкотска и заслужено славеше победа со два гола на Филип Ѓуричиќ.

ГРУПА А
Белгија - Македонија 1:0
Велс - Хрватска 1:2
Србија - Шкотска 2:0

1. Белгија 16
2. Хрватска 16
3. Србија 7
4. Велс 6
5. Македонија 4
6. Шкотска 2

27 март 2013 - 08:37