Гвардиола во Вулверхемптон најверојатно и дефинитивно се прости со титулата во Премиер лига, а за тоа „највиновен“ е Мет Доерти.
Matt Doherty 89. dakikada atıyor, spiker kendinden geçiyor, Manchester City yıkılıyor...pic.twitter.com/WawOb0m6VU
— mackolik (@mackolik) December 28, 2019
Овој фудбалер во Вулвс дошол во 2010 година, а интересно е што претходно играл за ирски Бохемијанс. На една пријателска против Вулверхемптон во 2010-та, 18-годишниот Доерти одиграл фантастично добро, па го викнале на проба и набрзо го потпишале за 75.000 фунти.
Пред да стигне во Вулверхемптон, Доерти сменил 14-15 клубови. Решил да не се откажува.
„Во детството имав многу разочарувања. Но сонот никогаш не ми исчезна и ја чекав шансата. На 15 и 16 години бев на многу проби. Некогаш дури и тешко ги памтам сите клубови, но не можам па му побарав на татко ми да ми направи список кај се сум бил.
Пропуштив многу од школото за да одам на проби. Немаше смисла да одам во школо, затоа што цело време отсуствував. Тоа беше голем ризик кој го презедов на себе. Работев кај татко ми, тој имаше фирма за чистење килими. Правев се што ќе ми каже. Тоа беше тешка работа, ме созреа, но сфатив дека тоа не е тоа со што сакам да се занимавам. Цело време зборувавме за фудбалска кариера.
Татко ми секогаш ми викаше да давам максимум, зошто никогаш не знаеш кој те гледа од страна. Секогаш чуствував дека сум доволно добар да одам во Англија. Но треба да се докажеш, а мене не ми даваа до 18 години“.
Во 2009-та после проби во мали клубови, прв го снимил Бохемијанс и го викнал во младинскиот состав. А во летото 2010 година Мет Доерти отишол на предсезонска турнеа со првиот тим и добил шанса на мечот со Вулверхемптон.
„Не бев дел од првата екипа. Ми дадоа 55 минути против играч како Мет Џарвис. Одиграв нормално, ништо посебно со што би ме викнале на проба. Веќе кај нив во Вулверхемптон се покажав подобро“, се сеќава јунакот на триумфот на Вулвс против големиот шампион Манчестер Сити.
Меѓу дебито на Доерти во Премиер лига во 2011-та и втроиот меч против Евертон поминале цели 7 години! За тоа време Вулверхемптон испадна во Чемпионшип, па после дури и во трета лига.
Во јануари 2012 година Доерти го пратиле на позајмица во шкотски Хиберниан. Го викнал тренер кој работел со него во ирскиот Бохемијанс. Веќе следната сезона бил на позајмица во Бјури.
„Многу убаво време поминав таму и како играч созреав кај тренерот Кевин Блеквел. Најголемо искуство стекнувате на позајмицата - тогаш сфаќате што точно сакате. Мене ми се допадна да играм за Вулверхемптон. Но таму игравме во трета лига и беше ужасно. На средината од сезоната се повредив и пропуштив цела полусезона. Дечките изборија пласман во втора лига и јас се вратив во екипата која веќе играше во Чемпионшип“, додава Доерти, еден од најголемите борци во тимот на Нуно Еспирито Санто денес.
Во сезоната 2017/2018 „Волците“ моќно се вратија во Премиер лига после 6-години отсуство, а во октомври 2018-та година Доерти го дал својот прв гол во Премиер лигата, и тоа победнички против Кристал Палас (1:0). Два дена подоцна тој стана најдобар фудбалер за септември во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија. Пред него во историјата оваа награда ја добиле само тројца Ирци.
Во ноември Доерти го одигра 200-от меч за Вулверхемптон и го даде вториот гол во Премиер Лигата. Сезонава има 3 гола и 3 асистенции.
За него навивачите велат дека е многу скромен и пријатен дечко. После секој натпревар љубезно дава автограми на помладите, се слика со секој навивач и разговара подолго време. Често знаел и дресот да го извади од торба и да го даде на некој помлад навивач на Вулвс.