Експерти по финансии за порталот Breakingviews направија анализа и предвидувања за Светското првенство во Бразил врз основа на неколку социо-економски фактори на сите 32 земји учеснички.
Тоа се вредноста на репрезентациите, процентот на луѓе кои се занимаваат со фудбал, потоа учеството на фудбалерите аматери, како и посветеноста на граѓаните за овој спорт.
Најскапиот тим кој следниот јуни ќе слета во Бразил е актуелниот светски шампион Шпанија чиј состав вреди 720 милиони евра. Босанците за разлика од нив вредат 136 милиони евра, но според оваа анализа тие ги имаат најстраствените навивачи кои ќе бидат на Мундијалот.
Шестиот најскап тим го има Германија со вредност од 550 милиони евра, но со најголем ангажман за фудбал каде дури 36% од жителите се занимаваат со овој спорт. Финансискиот тим на експерти предвидува дека златниот пехар ќе заврши во нивни раце.
Втор според овие критериуми ќе биде домаќинот, трета ќе заврши Италија, а бранителот на титулата ќе биде на четврто место. До четвртфинале ќе стасаат Аргентина, Франција, Англија и Чиле, а најголеми разочарувања ќе бидат Португалија, Уругвај и Колумбија.