Серхио Рамос си дојде лабаво на тренинг со Фиќо

Човек со годишна плата од 10 милиони евра се качи во Фиќо замислете. И тоа не било кој, туку еден од најплатените дефанзивци во светот, ако не и најплатен. И што е најважно, убаво му е.

Со неделни примања од 220.000 евра, Рамос ако сака може секоја недела да купува по некоја бесна кола, ама не, тој во возниот парк сега има Фиќо.
 
Култниот автомобил Фиат 600 го доби како предвремен подарок за својот 32 роденден кој ќе го слави на 30 март, а му го даде врат му Рене.

Рамос на Инстаграм напиша: „Класичните коли никогаш не умираат“.
 
Најјако е што од страна е изгравирано SR4, иницијалите и бројот на неговиот дрес.
 
Капитенот на Реал толку се воодушеви од оригиналниот подарок на брат му што реши да оди на тренинг со него. Каков цар.

Фиќото, инаку долго 3,2 метри е модел на производителот за автомобили Застава од Крагуевац и почна да се произведува во 1955-та година како верзија на Фиат 600 под лиценца. Тоа е првата кола на Фиат со мотор од позади.
 
Кон средината на 70-тите излезе и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.

Ќе се качи ли она во него?

Сан пишува дека овој модел на Фиќо чини околу 8.500 фунти. Ние кај нас на оглас го најдовме за 300 евра и тоа добро сочувано со 70.000 поминати, што значи Рене можел да му купи Фиќо на Рамос и од Росоман, за многу помалку пари.

И вакво имаше на времето

9 март 2018 - 11:24