Само еден шпански прволигаш има повеќе голови од Меси

Постигна хет-трик против Еспањол, па два против Јуве, па синоќа четири против Еибар и кој знае кај ќе му биде крајот. Неговата ефикасност е глупаво да се споредува со други играчи, па ајде да видиме како таа изгледа со цели екипи.

Со синоќешните 4 гола против Еибар, Меси стигна до бројка од 9 гола по само пет минати кола во шпанското првенство. Човекот едноставно нема намера да застане и кога го гледате како игра, ќе помислите дека тоа е видео игрица.
 
За Меси ова беше 43-ти хет-трик во кариерата и дури 39 пати успеа да стигне до минимум три гола на натпревар во дресот на Барселона. И сега внимавајте на ова.
 
Реал Сосиедад е единствената екипа од Ла Лига која во моментов има повеќе голови од Меси. Следниов податок е уште појак.
 
Само 12 од вкупно 98 екипи од најсилните пет национални првенства во Европа во досегашниот дел од сезоната имаат постигнато повеќе голови од Лионел Меси.

Во Премиер лига поефикасни од Меси се само Манчестер Јунајтед и Сити со по 16 погодоци.

Во Германија тоа се Баерн Минхен 12 и Борусија Дортмунд 10

Во Серија А: Интер 11, Наполи 15 и Јувентус 13

Во Франција: ПСЖ 21, Монако 17, Бордо 10 и Лион 11

Само уште еден играч може во моментов да се пофали дека има ист број на голови колку Меси.

20 септември 2017 - 11:46