Претходно Кристијано даде гол на три меча по ред и носеше победи за Португалците против Хрватска (2:1), против Шкотска дома (2:1) и против Полска на гости (1:3).
Португалија последниот пораз го претрпе на Еуро 2024 кога изгуби во 1/4 финале на пенали од Франција (0:0, 3:5 на пенали) и во групната фаза од Грузија (0:2).
Португалците сега се лидери во својата група 1 од Лига А во Лига Нации со 10 бода. До крајот на годината селекцијата на селекторот Роберто Мартинез ќе игра со Полска (15-ти ноември) и со Хрватска (18-ти ноември).
Ова беше 216-ти меч за Роналдо за репрезентацијата на Португалија и 200-ти во стартен состав. Тој дебитираше за својата земја на 11-ти октомври 2003-та година на меч со Албанија кој заврши 5:3.