Ролингот на Ентони е хит на вечерта

Со головите на Дало, Рашфорд и Кристијано Роналдо Манчестер Јунајтед со 3-0 го совлада Шериф Тираспол и со 4/5 и 12 освоени бода рутински се пласираше во следната рунда на Лига Европа. Ги чека уште едно формално гостување кај Реал Сосиедад во последното коло. Синоќа против Шериф шоу правеше Ентони а Кристијано после долго време постигна гол.

Неколку стручни коментатори рекле дека е срамно тоа што Ентони го направил на сред игра без никаков ефект и промашено додавање во акцијата. Тренерот Тен Хаг го извади на полувреме но од тактички причини.

„Сè додека се функционални, немам проблем со такви потези“, рекол Тен Хаг после мечот.

Роби Севиџ жестоко го нападна младиот Бразилец за овој негов трик во првоиот дел кој се покажа како крајно непродуктивен, но уште покритички настроен беше легендарниот Пол Сколс.

„Да бев јас на местото на играчот на Шериф, добро знам што ќе направев. Едноставно не знам што мислеше со тоа што го направи. Ова е смешно и некорисно. Погледнете ја реакцијата на Тен Хаг, тоа најдобро ви ја опишува ситуацијата.

Не проаѓа човек, ниту освојува простор, не прави забава со ова. Го прави при резултат 0:0, а потоа следи неточно додавање и топката завршува во гол-аут. Но, тој едноставно е таков, сум го гледал како го прави ова и во Ајакс“ , изјави легендарниот Сколси. 

Голот на 37-годишниот Роналдо за 3-0 и голема радост споделена со навивачите:

28 октомври 2022 - 09:29