Роденденска честитка од Меси за 100 годишниот Хернан кој во тефтер му ги запишува головите

Еден од најстарите навивачи на Меси се вика Дон Ернан, има 100 години, нема контакт со технологијата, ама има своја книжна Википедија во која бележи посебна статистика за еден од најголемите фудбалери.

Хернан ги има запишано сите 748 голови на Меси во тефтер. Тој не користи телефон или лап топ, туку му ги гледа натпреварите, а кога не може да гледа на тв, му се јавува на внукот да го праша дали Меси дал гол.

Аргентинскиот ас разбрал за него и за јубилениот роденден број 100 му направи пријатно изненадување. Му прати видео порака кое му ја пушти внукот, кој се расплака, а дедо му не можеше да поверува од кого добива честитки.

„Здраво Ернан. Приказната за тебе стигна до мене. Лудо е, дури ниту јас не ги бележам така головите. Сакам да ти испратам голема прегратка, да ти се заблагодарам за тоа што го правиш, што ме следиш и ми посакуваш се најдобро. Се гледаме наскоро“.

15 јули 2021 - 15:58