Репрезентацијата на најмирољубивата земја на Светско - држава без војска

Во 2014-та на Светското во Бразил, Костарика беше најпријатно, најубаво изненадување. Во страшна група со Италија, Англија и Уругвај, Костариканците завршија први со 7 бода и стигнаа дури до четвртфинале каде изгубија на пенали. Играат и сега во Катар.

КОСТАРИКА („БОГАТ БРЕГ“)

Тихи Океан, Гренланд и Костарика се топоними кои не секогаш ја одразуваат правата слика на нештата. Називот на земјата од Централна Америка во превод од шпански значи „богат брег“ но оваа земја долго време била сиромашна.

Во 1502 година ја открил, според преданијата, Христофор Колумбо но првите луѓе таму се населиле после неколку децении. Главен народ станал Картаго, кој првпат се појавува во 1563-та. 

Костарика се развивала бавно. Сè уште не ги открила сите ресурси поради сложениот релјеф и непрегледните џунгли. Формално оваа територија се наоѓала во состав на Гватемала, под гувернаторство на Нова Шпанија која вклучувала неколку колонии меѓу кои и денешен Мексико и речиси цела Централна Америка.

Костарика се наоѓала далеку од административните центри па не била во фокусот на интерес. Освен на пиратите кои ја грабеле и онака скромната и незаштитена земја.

Ако во другите делови од Нова Шпанија имало големи поседи со армија работници, во Костарика се воделе мали фарми. Во оваа колонија речиси и да не се доведени робови така што и ден-денес населението е претежно составено од белци.

КОСТАРИКА ДЕНЕС СЕ ДРЖИ ДО НЕУТРАЛНОСТ

Војните и вооружени востанија биле редовна појава во Латинска Америка. Во 1983-та САД така влегол воено во Гренада, до 1996-та Гватемала се болела со анархистички движења, а во 2008-ма Колумбија се судри со Еквадор.

Костарика за сето тоа време остана една од најмирољубивите земји во регионот.

Уште во 1947-ма земјата потпишала „Пакт Рио“ - Меѓународен договор за помош. Овој договор подразбирал дека во случај на напад на една од земјите членки, сите останатите ќе ја бранат од агресорот. Договорот го потпишале САД, Бразил, Аргентина, Парагвај, Гватемала, Панама, Салвадор и други земји.

Иако договорот никој во целост не го почитувал, Костарика се потпира на него. Оваа земја во 1983-та прогласила неутралност и рекла дека смета на помош на други земји во случај на напад.

А Костарика има два соседи (Панама на југ и Никарагва на север).

ПОСЛЕ ВТОРАТА СВЕТСКА ИМ СЕ СЛУЧИЛА ГРАЃАНСКА ВОЈНА

Костарика немала речиси никаква улога во светските војни, но во 1948-ма избил внатрешен конфликт. Поранешниот претседател Рафаел Анхел Калдерон се обидел да се врати на позицијата која што во тој момент ја држел неговиот ривал Теодоро Пикадо.

Претседателот се обидел да ги задуши востаниците но се појавила и борбена револуционерна организација.

Калдерон загубил на изборите, земјата влегла во политичка криза. Граѓанската војна траела 44 дена и за тоа време земјата изгубила околу 2.000 луѓе. На крајот опозицијата победила и спровела парламентарни избори, донела нова конституција која до ден денес важи.

Авторите на уставот на Костарика, откако во 1949-та година била расформирана армијата, решиле земјата да нема постојана војска. Сметале дека така ќе се избегнат нови граѓански судири.

Ден-денес Костарика нема државна армија. Наместо неа има министерство за јавна безбедност во кој има полиција, крајбрежна одбрана и граѓанска гвардија. Севкупно сите дивизии им бројат околу 10.000 лица.

Граѓанската војна во 1949-та станала последен конфликт за оваа латино-американска држава а отфрлањето на армијата им придонел и голем економски раст. Костарика станала поотворена за инвестиции од страна. Костариканците најмногу извезуваат кафе и овошоје.

КАКВА ИМ Е РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И КАКО ИГРААТ НА СВЕТСКО?

Оваа земја во која официјален јазик е Шпанија и која го отвора Светското токму против моќната Шпанија, има околу 5 милиони и двесте илјади жители според последниот попис.

Претседателот Родриго Чавез потпишал указ според кој им дозволува на сите државни службеници да го следат мечот во работно време.

Костарика по трет пат во историјата игра на Светско првенство. Патот до Катар им беше многу тежок. Во северно-американските квалификации фаворити по традиција се Мексико, САД и Панама. Овојпат изненади и Канада која влезе во големата тројка а Костарика успеа да се избори за четврто место и бараж.

Во баражот Костариканците ги чекаше Нов Зеланд кого успеаа да го победат 1-0 со гол уште во 3’ минута на нивниот најдобар играч Жоел Кембел.

Ждрепката сакаше после Бразил 2014 и овојпат да ја добијат убедливо најтешката група со Германија, Шпанија и Јапонија, селекции со огромна мундијалска традиција.

Шансите да ја пројдат групата во Катар им се мали. Кладилниците на првиот меч со Шпанија за победа на Костарика даваат коефицент 17, за триумф на Шпанија 1.20 а за реми 6.50.

Селектор на Костарика е Колумбиецот Луис Суарез кој целата играчка кариера ја поминал во татковината (во ’80-те години освоил титула во првенството и Копа Либертадорес). Како тренер водел клубови по соседните земји, а единствениот трофеј го освоил во родната Колумбија кога во 1999-та станал шампион.

Како селектор успеал да го однесе Еквадор на Светско првенство 2006 и дури и да стигне до нокаут фазата каде испаднаа несреќно од Англија по голот од слободен удар на Дејвид Бекам.

КАКО ИГРА КОСТАРИКА?

Претежно играта им се сведува на целосен фокус на одбрана и надеж во контранапади. Главни носители на игра им се неизоставниот капитен и најпознат член на селекцијата, голманот Кејлор Навас од ПСЖ кој бранеше и во Реал Мадрид, Дуарте, Калво, Кембел и Контрерас.

Во репрезентацијата на Светско има и 18-годишен талент, Џевисон Бенете кој во август потпишал договор со Сандерленд (9 меча, 1 гол), а во септември го постигнал првиот гол за Костарика во ремито 2:2 со Јужна Кореја.

Ова ќе биде последно Светско за 35-годишниот Кејлор Навас, 37-годишниот Брајан Руиз и 30-годишниот Жоел Кембел.

Костарика годинава нема пораз: има 6 победи и нерешени средби во квалификациите за Светско и во пријателски средби.

Распоред: Шпанија - Костарика 23 ноември, Јапонија - Костарика 27 ноември, Костарика - Германија 1 декември

23 ноември 2022 - 12:29