Во неделата во Премиер лига и Серија А имаше два моменти кои уште долго ќе се паметат. Во Италија Рафаел Леао од Милан го постигна најбриот гол во историјата на калчото, а во Англија Скот Мектоминеј стана првиот играч во историјата на Премиер лига кој дал 2 гола во првите 3 минути игра.
Првиот по 1 минута и 7 секунди на асистенција на Бруно Фернандеш:
Шкотланѓанецот го прослави голот така што лизгаше на колена пред празните трибини на „Олд Трафорд“ и урлаше од радост:
Веднаш после водството, Манчестер со жесток пресинг го притисна Лидс и стоперот Клих ја изби топката во аут. Домашните изведоа брзо, топката стигна до Марсиал кој го проигра Мектоминеј за 2-0 во 2 минута и 51 секунда:
Интересно, Манчестер Јунајтед не постигнал два гола против Лидс Јунајтед уште од март 2002 година, тогаш стрелец на 2 погодоци бил Оле Гунар Солскјер.
Во октомври 2018-та година англиските медиуми пишуваа дека Марсело Бјелса сака да го доведе Скот Мектоминеј на позајмица.
„Во првите три минути Скот Мектоминеј на терен во исто време беше и Пол Сколс и Рој Кин“, се восхитуваше Гери Невил во текот на преносот на Sky Sports.
А тренерот на Манчестер Солскјер вели:
„Во среден ред ни носи физичка моќ и лидерство и со негово присуство на терен, Фред има повеќе слобода. Скот не е од тие кои ќе кажат „не, фала“, а само што се врати од повреда“, рече Солскјер во една прилика.
Во 37 минута Манчестер Јунајтед водеше 4-0 против Лидс Јунајтед кој не можеше да се опорави по стартниот нокдаун. До крајот од мечот гостите за кои 90 минути одигра Езџан Алиоски примија уште 2 гола и дадоа 2 за конечни 6:2.
Ваков убедлив триумф Јунајтед немал уште од времето на Сер Алекс Фергусон (ги памтите 8:2 против Арсенал во 2011-та). Манчестер во моментов е 3 на табела и со ваква серија резултати, навивачите брзо заборавија на испаѓањето од Лига на шампиони.