Разгаленото дете кое го намести Азар да добие црвен картон, денес е милионер

Вечерта на 23 јануари 2013-та, пред седум години, во вториот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп меѓу Свонси и Челси, се случи еден инцидент за кој зборуваше цела фудбалска Европа.

Велшкиот клуб кој се натпреварува во англискиот фудбалски систем, за првпат во 100 години доби шанса да влезе во финалето на едно големо натпреварување.

Во полуфиналната фаза од овој Куп, познато и како Capital One Cup се играат два натпревари. На првиот меч Свонси направи сензација и го совлада Челси со 0-2 на „Стемфорд Бриџ“.

На реваншот во Јужен Велс, гостите од Лондон дојдоа по сѝ или ништо и тргнаа офанзивно, но тимот предводен од Брајан Лаудруп цврсто се бранеше.

Долго време резултатот беше 0-0, фудбалерите на Челси беа претерано нервозни па почнаа со груби фаули кон противничкие играчи.

Во 80’ минута една топка отиде во аут а таму ја задржи болбојот Чарли Морган кој тогаш имал 17 години.

По кратка гужва на теренот која што ја направи капитенот на домашните Вилијамс, судијата Крис Фој му покажа црвен картон на Азар и тука завршија сите надежи на Челси дека може до брзи два гола и продолженија.

Белгиецот кој денес игра за Реал Мадрид, тогаш после инцидентот изјави:

„Детето со цело тело легна врз топката, а јас едноставно се обидов да ја избијам од под него. Мислам и дека ја удрив топката, а не него. Во секој случај се извинив. Детето после мечот дојде во нашата соблекувална, поразговаравме накратко, се извинивме еден на друг. Таа приказна е завршена. Жал ми е“, рече Еден Азар.

КАДЕ Е И ШТО ПРАВИ ДЕТЕТО НА СВОНСИ ДЕНЕС?

Чарли Морган, на општо изненадување на англиската јавност, денес е милионер. Чарли почнал да развива свој бизнис, потпомогнат од татко му Мартин Морган, директор и акционер во клубот Свонси. Чарли со другар му Џексон Квин создале бизнис со вотка. Основале фирма Au Vodka која што брзо станала позната на целиот Остров.

„Ги комбинираме нашите британски корени и луксузни состојки во производство на исклучителна водка од врвен квалитет. Веднаш станавме препознатливи по златното шише“, пишува на страницата на оваа компанија.

Чарли Морган преку ноќ стекнал илјадници нови следбеници на Твитер и другите социјални мрежи. Во еден момент стигнал до 100.000 но со тек на време паднал на 36.000. 

11 февруари 2020 - 11:39