ПСЖ против Барселона, дерби во Мадрид

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите. Баерн Минхен и Јувентус имаа најголема среќа.

По ланското четвртфинале против Барселона која ја елиминираа, фудбалерите на Атлетико Мадрид овој пат го добија градскиот ривал во топ 8 фазата од Лигата на шампионите.

Среќа немаше ниту ПСЖ кој по минатогодишната пресметка и елиминација од Челси, овој пат налета на еден од најнепосакуваните противници, а тоа е Барселона.

Четвртфинални двојки:

14 април
Атлетико Мадрид - Реал Мадрид
Јувентус - Монако

15 април
ПСЖ - Барселона
Порто - Баерн Минхен

Реваншите се играат една недела подоцна.

20 март 2015 - 12:18