
На 39 години легендата на македонскиот фудбал кажа крај: после последните шест месеци во Серија Б со Парма, некогашниот фудбалер на Интер, Лацио, Наполи и Џенова реши да не бара нова авантура.
Во кариерата постигна 101 гол во (пазете ова) 17 сезони во Серија! Освои Триплета со Интер на Мурињо и ја одведе својата Македонија на историско прво Европско првенство.
Моментот на збогум, пишува Скај Спорт, сигурно го замислувал поинаку: пред преполн стадион, со еден емотивен финален круг, со децата фатени за рака. И незадржливите солзи кои ќе потсетат на 17 сезони и 101 гол во Серија А.
Но ништо од ова.
Горан Пандев му кажа збогум на фудбалот уште пред некој месец кога веќе стана поранешен играч. По последните шест месеци во Парма, на 39 години, Македонецот не почувствува дека треба да продолжи со некој нов клуб.
Првпат после години и години не е доволно спремен, килограмите кои се зголемуваат (како што и самиот призна во прошталното интервју за Газета), тоа беше ехо на официјалната одлука која што во реалност веќе беше донесена.
Со порака на неговите профили на социјалните мрежи „дедо Горан“ како што од милост го викаат соиграчите и тифозите во Италија, без претерување вели:
„Гледам назад и не ми е верно уште. Ова беше неверојатно патување. Многу емоции. Ги носам сите со себе и сакам да ги споделам со сите кои ме следеа по овој долг пат“, напиша Гоче на Инстаграм.
ДОЛГАТА КАРИЕРА НА „ДЕДО ГОРАН“
Ќе остане да живее во Џенова, во исчекување порано или подоцна да му се врати на фудбалот но не како тренер, повеќе како спортски директор или менаџер. Најдобриот македонски играч на сите времиња, сопственик на сите рекорди по број на настапи и голови, се повлекува.
Не сакаше да го стори тоа пред две години по последниот изборен опстанок со Џенова, зошто не сакаше да се збогува со фудбалот на полу-празни стадиони поради Ковид.
Се повлекува сега, кога уште е без клуб. И така, за аналите, неговата последна средба во кариерата официјално ќе остане мечот Парма - Алесандрија одигран во април на култниот „Енио Тардини“.
Во Серија Б, лига која што Пандев никогаш претходно не ја играше во кариерата: дојде како дете во младинците на Интер, почна да игра во Серија Ц со Специја. Вкусот на Серија А го почувствува првпат со онаа Анкона со extra-large состав кој ден-денес се прераскажува: низ екипата во една сезона продеферилирале дури 55 играчи и тоа е апсолутен рекорд. Таму тогаш беа Жардел и Хубнер, Дино Баџо, Луизо и секако младиот Пандев кој таму го даде првиот од многуте голови.
Лацо, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и споменатата Парма. 101 гол во Серија А, последниот постигнат против Аталанта на Гасперини кој му беше еден од тренрите кој најмногу го цени (тоа го изјави Гоче во интервјуто за Газета дело спорт).
Со Мурињо во Интер дојде во правата година, онаа со триплета: скудето, Лига на шампиони и Куп на Италија. Стартер во големото финале во Мадрид покрај Милито и Ето. Гордост за него и за неговата земја која благодарение на негов гол за првпат се пласираше на едно Европско првенство.
А кој друг би можел да го даде првиот гол за Македонија на Европско првенство? Горан, секако, кој не само што уживаше во погодокот со Австрија туку и со големото испраќање на последниот натпревар со Холандија. Последен во групата и во репрезентативната кариера: со соиграчи кои му аплаудираа заедно во шпалир со холандските играчи, во моментот во кој селекторот го смени за да му овозможи овации какви заслужува кариера како неговата.
Кариера која сега завршува. Но која не се заборава.