Се работи за Енди Робертсон на кој му ископаа очаен твит од 2012-та, година во која ја почнувал кариерата во третата шкотска лига.
„Животот на оваа возраст е ѓубре без пари. Ми треба работа“, твитнал Шкотланѓанецот кој тогаш имал 18 години и играл за Квинс Парк.
Што се случи со него во изминативе 8 години? Една година подоцна настапувал за Данди Јунајтед од каде направи трансфер во Премиер лигата. Го купува Хал Сити за скоро 3 милиони фунти.
Следните три сезони му се практично отскочна даска во кариерата која во 2017-та му го носи трансферот од соништата, а тоа е Ливерпул за околу 10 милиони евра.
И така неговиот ѓубре живот денеска се состои од трофеј во Лига на шампиони, Светско клупско првенство, Супер Куп на Европа и вчера најново титула во Премиер лигата.
Робертсон да реши и утре да се пензионира на 26 години, со оглед на заработката во најбогатата фудбалска лига во светот, нема да му треба повеќе ништо да работи.
Фил Невил за него рече дека е еден од најдобрите леви бекови во светот поради неговото темпо на игра, енергија и способност за вкрстување.
life at this age is rubbish with no money #needajob
— Andy Robertson (@andrewrobertso5) August 18, 2012