
По поразот од Црвена Ѕвезда во Бари, екипата на Олимпик Марсеј се врати на бис во финале само две години подоцна, во 1993-та.
Составот страшен, со имиња како Бартез, Десаи, Бокшиќ, Руди Фелер, Абеди Пеле, капитен Дидие Дешамп.
Но и Милан тогаш не беше ништо послаб. На пример одбраната језива, со Тасоти, Малдини, Костакурта и Барези.
Потоа холандското дуо Рајкард - Ван Бастен, Албертини, Даниеле Масаро, но и еден славен француски напаѓач, а тоа е Жар Пјер Папин.
Голема битка со големи имиња. Марсеј тогаш одигра две финалиња во три години, а Милан три по ред од кои загуби две. Првото токму ова со 1:0.