Мисијата е комплетирана. Во вторникот вечерта беше направен историски потег со последниот дрес кој го облече Франческо Тоти како играч на Рома. Тој беше успешно лансиран во вселената.
Ова не е кромид вест, туку подарок од Рома која сакаше да направи нешто посебно за легендарниот капитен кој верно му служеше на клубот 25 години.
Реализатор на ова несвојствено подарување дрес беше Авио, светски лидер во полето на вселенското патување, а ракетата беше лансирана во француска Гвајана.
Од клубот посочија дека моментот ќе биде овековечен со испраќање на реплика дрес, а не со оригиналниот кој Тоти за последен пат го облече на 28 мај годинава на стадионот Олимпико во Рим.
„Очите во небо, можеби ќе се види од доле. Ви благодарам за оваа посебна чест“, напиша Тоти на Твитер.
По 25 активно играње фудбал во Рома, тој од оваа сезона ќе седне на директорско столче во клубот. Видео, фотографии и писмо од неговото антологиско испраќање во пензија.