Погазениот збор на Пол Погба

Летото 2016-та ни го носи новиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Пол Погба преминува во Манчестер Јунајтед за сума од 105 милиони евра и се враќа во клуб за кој изјави дека не би се вратил за ниту едни пари. Ветено, несторено.

Дел од интервјуто на Пол Погба дадено за Република во 2013 година:

„Никогаш нема да се вратам таму, клубот ме третираше без никаков респект откако си заминав минатото лето. Се сеќавам дека Сер Алекс Фергусон ми се јави три недели откако заминав за Италија и ми се смееше 25 минути. Што е најлошо, го викна и мојот идол Пол Сколс да му се придружи. Ми се смееја за тоа колку не сум бил доволно добар да играм за клубот. Тогаш решив дека никогаш нема да се вратам во Манчестер. Ниту една сума на пари нема да ме врати таму“

Дел од неговата најнова изјава по враќањето во Манчестер:

„Секогаш ми беше Манчестер Јунајтед во срцето. Се вратив дома, ова е луда работа, не можам да ја објаснам, но сум навистина пресреќен. Се вратив тука бидејќи со овој тим може да победувам и можам да станам најдобар во свет. Кога си заминав од Манчестер првиот пат бев помлад, сега сум повисок и повозрасен. Ми изгледа како да сум отишол на одмор и сега сум се вратил дома. Судено ми беше да се вратам тука. Мајка ми еднаш ми рече дека ќе се вратам, а јас си реков ќе видиме, не се знае никогаш. Се работи за голем предизвик, се вратив таму каде што почнав и каде пораснав. Не го завршиш тоа што го отпочнав тука, така што мислам дека дојдов да го завршам. Мајка ми секогаш ми вели: „Мајка ти секогаш е во право“

9 август 2016 - 13:17