Во македонската ракометна репрезентација во моментов има три пара браќа. Петар и Павле Атанасијевиќ, Марко и Дамјан Митев и Ненад и Никола Костески.
Марко Митев ќе го игра своето трето Европско првенство, а три години помладиот брат Дамјан ќе има прилика да дебитира.
Трет настап ќе бележи и 24 годишниот Ненад Костевски, додека 11 години постариот Никола дебитираше на минатото Европско.
За Петар Атанасијевиќ ова ќе биде втор, а за Павле прв континентален собир.
Од останатите браќа тука се и актуелниот репрезентативец Никола Марковски, брат на Велко, потоа Кире и Филип Лазарови и Наумче и Златко Мојсовски.







