Петар Атанасијевиќ постави нов рекорд во машкиот ракомет откако успеа да постигне, верувале или не, 32 гола на мечот против Шампион во Купот на Македонија. Еурофарм Пелистер ја доби средбата со 57:16, а левото крило му го сруши рекордот на Златко Димитровски од 31 погодок во дресот на Тиквеш против Куманово.