Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, реши долгиот животен пат до славата да го раскаже во книга, која тежи 230 страници. Вели дека ќе прочитаме работи кои до сега не сме ги чуле за него. Збор два на промоцијата доби и брат му.
Ретко минува натпревар на Македонија без цепелин, без разлика дали противникот се вика Јапонија или Шпанија. Беа трпеливи, се обидоа еднаш, па два пати, па им успеа од трета мајка. Овој пат цепелинот беше братски.
Во април 2015-та Вардар има историска шанса да испише нова историја за македонскиот машки ракомет, откако на денешната ждрепка ги избегна големите фаворити Кил, Веспрем и Барселона. Шансите за фанјлфор според капитенот на „Црвено црните“ се 50-50.
Ракометарите на Вардар во сабота од 20:15 го играат реваншот со Висла Плок, на кој ќе мора да бркаат негатива од шест голови. Раул Гонзалес вели дека неделава малку зборувале, а многу работеле на исправување на грешките.
За разлика од Вардар, Монпеље во сабота мора да оди на победа доколку сака пласман во следната рунда. Французите ќе играат без нивниот најдобар играч, Матеј Грабер кој е повреден. Гонзалес го почитува, но не се плаши од Монпеље.