Сте чуле ли за Бинга? Второлигаш од Мали, сиромашен клуб кој со малку пари и ресурси успеа да направи фудбалско чудо.
Во мај годинава испиша историја откако успеа да го освои Купот на Мали. Што е тука изненадување? Епа второлигаши се.
Тој успех им донел уште една нова историска можност, која секогаш и секаде би звучела невозможноста за екипа од втора лига, а тоа е да се борат за пласман на меѓународно натпреварување.
Се работи се квалификациите во Купот на Конфедерации, каде играат екипи од цела Африка. Пандан на Лига Европа. Важеле за тотални аутсајдери, но внимавајте што се случува.
Во првото коло им се паѓа клубот Монровија од Либерија, кој го елиминираа и тоа убедливо со вкупни 5:0. Дома 2:0, на гости 0:3. Проблем бил реваншот за кој требале да патуваат 1.370 километри.
Но Бинга не може да си дозволи да им плати авионски карти на играчите, па тргнуваат со автобус. Но поради лошите и непроодни патишта, на либериската граница изнајмиле комбиња и поминале 1.750 км во еден правец или 3.500 км со се враќањето до дома.
Второто квалификациско коло изгледа дека ќе им биде плафон. Треба да имаат двомеч со Угадугу од Буркина Фасо. Дома губат 0:1, а потоа ги чека нова авантура.
Угадугу нема можност да ги пречека на домашен терен, оддалечен 500 километри, бидејќи стадионот не исполнувал услови и Африканската фудбалска федерација го закажува мечот во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска.
За фудбалерите на Бинга тоа значи пат од 1.500 километри во еден правец или 3.000 со се враќање. Место формалност, пазете што се случува.
Во 85-та даваат гол за победа од 0:1 и потоа мечот оди на пенали. Ја добиваат и таа драма со 7:6.
За второлигашите кои не можат да си дозволат авионски превоз, тоа значи историски, сензационален и епски влез во групната фаза во Купот на Конфедерации, каде ќе има елиминирани екипи од Африканската Лига на шампиони.
Каква приказна и каков успех за Бинга, кој за прв пат во историјата ќе игра групна фаза во второто по ранг клупско континентално натпреварување. Да повториме, како екипа од втора лига која вкупно на двете гостувања помина 6.500 км. Со автобуси и комбиња.
🇲🇱 The incredible story of Binga FC, a Malian 2nd division side playing in the CAF Confederation Cup #CAFCC this season: A small club with little resources, Binga has traveled to away games in Sierra Leone and Burkina Faso by bus, trips of over 1,300 kms each and won both ties! pic.twitter.com/umSoLhB5II
— DZfoot English 🇩🇿⚽️ (@DZfoot_EN) October 24, 2021