Парола за германскиот министер за внатрешни работи направи хаос

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава прават прекрасни кореографии во Лига Европа и навиваат фантастично, ама синоќа журката и прославата им ја уништи полиција.

Реваншот со Шахтјор Доњецк кој Ајнтрахт го доби убедливо со 4-1, имаше грда увертира затоа што на трибините се судрија навивачите на Ајнтрахт и полицијата.

Повод за вакво нешто било што полицијата решила да им одземе една парола со навредлива содржина која се однесувала на германскиот министер за внатрешни работи и за спорт, Петер Беут.

По грубата интервенција на полицијата, навивачите бесни ја фрлиле и испокинале целата спремна кореографија за почеток на натпреварот. Германските медиуми пишуваа дека во Франкфурт веќе неколку дена имало тензија која што само ја потпалувал претседаелот на Ајнтрахт, Петер Фишер кој кога дал изјава барал од навивачите „стадионот да гори“.

Поради тоа, полицијата ден пред натпреварот влегла во просториите на фан клубот на Ајнтрахт и запленила голема количина пиротехника. И покрај целата нервоза, на крај Ајнтрахт Франкфурт славеше со 4-1 на теренот и се пласираше во осминафиналето.

22 февруари 2019 - 09:33