Документарецот е хроника за животот на легендарниот фудбалер и тренер, истражувајќи во неговата повеќе децениска кариера, како и во неговиот личен живот.
Додека се опоравуваше од крварење во мозокот, Фергусон зборува за неговите најценети спомени. Од воспитувањето во Гован, запознавањето со неговата сопруга Кети, неговите играчки денови во Ренџерс и неверојатниот успех во Абердин и Манчестер Јунајтед.
Тој содржи и досега невидени архивирани снимки, како и интервјуа од неговата сопруга, неговите три сина, неговите поранешни колеги и секако самиот тој. Во трејлерот ги има Гигс и Кантона.
„Губењето на меморијата беше мојот најголем страв кога претрпев крварење во мозокот во 2018-та година. Во снимањето на овој филм можев да ги прегледам најважните моменти од мојот живот, и добри и лоши. Го изгубив гласот, едноставно не можев да извлечам збор и тоа беше застрашувачко, апсолутно застрашувачко.
Сè ми поминуваше низ умот. Дали ќе ми се врати меморијата? Ќе можам ли некогаш повторно да зборувам? Тој ден имаше пет крварење на мозокот. Три починаа, двајца преживеаа. Знаете дека имате среќа. Тоа беше убав ден, се сеќавам на тоа. Се прашував колку сончеви денови некогаш повторно ќе видам. Ми беше тешко“.
Инаку режисер на филмот е син му Џејсон, а премиерата во кино во Велика Британија е закажана за 27 мај.