Ни евроголот на Аломеровиќ не успеа да го запре Eurolink
Sistina 5-6 (2-2) Eurolink
Sistina: Даниел Боневски 16’, Александар Јаневски 20’, 26’, 40’, Амел Аломеровиќ 39’
Eurolink: Наумче Стојчевски 8’, Александар Трпковски 13’, 32’, Антонио Кочовски 22’, 23’, Никола Костовски 40’
Уште на самиот старт екипата на Eurolink целосно ја презеде иницијативата играјќи доста отворен и брз фудбал со многу шутеви кон голот наSistina. Ваквата игра му донесе на Eurolink водство од 1-0 кое Sistina успеа да го намали, потоа и изедначи на 2-2 на полувремето. Eurolink и второто полувреме го започна во идентичен ритам како и првото и оствари предност од 2 гола за само 4 минути игра. Екипата на Sistina се обиде да најде противигра, но вечерва расположениот Eurolink не дозволи никакво изненадување, па го доби овој натпревар со 5-6.
UNIQA со одличен напад до победа над Sparkasse
Sparkasse 4-11 (3-8) UNIQA
Sparkasse: Стојанчо Јосифоски 3’, Дарко Стојановски 11’, Александар Атанасовски 16’, Владимир Симоновски 39’
UNIQA: Љуљзим Каштањева 2’, 6’, 17’, 28’, 38’, 39’, Ибиш Мисини 6’, 11’, 12’, Александар Петрушевски 12’, 20’
UNIQA покажа апсолутна доминација во првото полувреме, пред се поради слабата игра во одбраната кај Sparkasse која и дозволи на UNIQA да се разигра и отиде на полувремето со убедлива предност од 3-8. Со иста игра се продолжи и во второто полувреме, па со ваквата слаба одбрана Sparkasse не можеше да очекува поголем резултат и го загуби овој натпревар со 4-11.
ONE до прва победа преку МЕПСО
МЕПСО 3-5 (2-3) ONE
МЕПСО: Златко Ацевски 3’, Братислав Савовски 11’, Зоран Деспотовски 23’
ONE: Илхан Алити 4’, 5’, 6’, Блаже Цоневски 24’, Дарко Таневски 29’
МЕПСО го отвори овој натпревар преку Златко Ацевски во 3’, по што следеше офанзива на екипата на ONE која резултираше со серија од голови за високо водство од 1-3, кое екипата на МЕПСО успеа да го намали и стигне до само еден гол негатива на полувремето (2-3). Во второто полувреме екипата на МЕПСО се обиде да дојде до пресврт, но ONE не го дозволи тоа, беше убедлив, па го доби овој натпревар со 3-5.