Болкиа кој од 2014 година беше дел од Челси напиша на Инстаграм:
„Среќен сум што можам да соопштам што потпишав повеќе годишен договор со Лестер. Сакам да и се заблагодарам на мојата фамилија и на моите пријатели за поддршката. Ми беше задоволство што се сретнав и со газдата на клубот. Едвај чекам да почнам“, напиша малиот.
А сега нешто за неговата фамилија:
- Фаик Џефри Болкиа е внук на Султанот на Брунеи Хасанал Болкиа кој важи за најбогат монарх во светот
- Во 2008 година Форбс објави дека богатството на Султанот се проценува на 20 милијарди долари.
- Неговата палата Истана Нурул Иман има 1.788 соби и 257 тоалети.
- Има 12 деца од кои 5 синови и 7 ќерки од три различни бракови.
- Во резиденцијата има колекција на неколку илјади автомобили, 200 коњи и пет базени.
- Во Брунеи е забрането да се пие алкохол.
- Пушењето е забрането на јавни места
- Од 2014-та земјата воведе анти-геј код со казни кои вклучуваат и егзекуција на секој Муслиман кој ќе биде фатен во содомија или силување.
- Султанот забрани и славење на Божиќ, а секој Муслиман што ќе биде фатен како го слави ќе се соочи со затворска казна до 5 години.
Детево има 17 години и веројатно е талентиран штом добива шанса во Премиер лигата. Но и да не успее, ќе има од што да живее.