Од цртање на улици за СП 2014, до настап на СП 2018

Габриел Жезус имаше 17 години, беше дел од школата на Палмеирас и како и многу други деца навиваше за својата земја, домаќин на Мундијалот и фарбаше надвор за да се почувствува корисен во таа фудбалска еуфорија. 

Четири години поцодна, ете го со одиграна сезона и пол за Манчестер Сити кој плати за него 32 милиони евра, 53 настапи, 24 гола и тазе освоена титула во Премиер лигата.

И сега за разлика од минатиот Мундијал тој нема да го гледа, да навива и да ужива во игрите на Нејмар и компанија, туку ќе му се приклучи на терен.

Што ти е живот. На едно Светско бојадисуваш улици и веќе на следното си дел од него.

Или поточно тебе ќе те цртаат и ти ќе им бидеш идол на генерациите што доаѓаат. 

13 јуни 2018 - 09:13