Нека му ја мисли Санчез со легендарната 7-ка

Поранешната ѕвезда на Барселона и Арсенал ќе има огромна одговорност во Манчестер Јунајтед. Ем поради името на клубот за кој потпиша, ем ради неговата енормно висока плата и ем поради бројот кој ќе му стои на грбот.

Го носеа Кантона, Бекам, Роналдо, но во последниве 9 години тој не носи среќа. 

Инаку клубот на почеток нуди 50% попуст за дресот на Чилеанецот.

Најплатениот играч во историјата на Премиер лига ќе има можност да дебитира во соблекувална како од селско школо. Манчестер Јунајтед в петок му гостува на четвртолигашот Јеовил во меч од ФА Купот.

 

23 јануари 2018 - 13:39