Нејмар и Гансо го понижија Боливар

Сантос загуби со 2:1 на гостувањето кај Боливар на првиот 1/8-финален натпревар од Копа Либертадорес, но на домашен терен им се реваншираа со 8:0.

Нејмар постигна два гола и асистираше при постигнувањето на пет други погодоци, а по два пати во листата на стрелци се запишаа и Гансо и Елано.

Сантос го уништи Боливар со резултатот 8:0, а понижувањето на противникот беше комплетирано со неколку потези на Нејмар и Гансо.

11 мај 2012 - 10:56